ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Правда ќе има, проветрувањето во судството со жестоко темпо

July 14, 2021 16:25
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, ФРОНТ
Time for Justice , 3d render

Time for Justice , 3d render

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Најтешките реформи секогаш се судските. Светските медиуми и индустријата на документарни и играни филмови се полни со наслови за судии, добри и лоши, корумпирани и чесни, способни и неспособни. Со децении наназад, македонското судство беше недопирливо. Иако меѓу луѓето постојано се зборува за судиите, тој глас никако не допираше до места од каде што може да се направат промени. Реформите во правосудството беа ветувани многупати порано, но остануваа да висат само како предизборни морковчиња. Еден судија да го стаса правдата за несовесно работење или корумпираност беше само пуста фантазија. Но реформите станаа реалност, наспроти сите блокади, притисоци и црна кампања чија цел беше и е да се осуетат напорите да се „проветри“ и да се „филтрира“ судството.

Повиците за правда и ветувањата дека таа ќе пристигне станаа реалност. И најновите разрешувања на судии говорат за тоа дека барањата, очекувањата и надежите не биле попусти. Конечно, јасно се гледа излез од децениските правосудни лавиринти, каде што беше тешко да се разликуваат и одвојат чесните од нечесните судии или стручните од нестручните.

Големото ветување на Владата, дека правда во нашата земја ќе има, дека ќе се спроведе проверка на работата во судството, веќе наголемо се остварува. Резултатите се видливи. За релативно краток период, до овој момент, разрешени се дури шеснаесет судии. Според најавите, процесот само ќе продолжи и тоа со засилено темпо.

За помалку упатените, важно е да се знае дека од пресудно значење беше да се создаде функционална Методологија според која Судскиот Совет може да прави проверки во судството и да поведе постапки за разрешување на оние судии за кои е утврдено дека направиле пропусти во работата или пак намерно застарувале предмети. По многу години чекање, конечно таа Методологија постои и се спроведува.

Од извештаите на меѓународните институции може да се види дека се препознаваат владините напори и резултати. На пример, во Клучните наоди од Извештајот на Европската Комисија во 2020 година, се констатира токму тоа, дека „има добар напредок во имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството, адресирани се „Итните реформски приоритети“ и препораките од Венецијанската Комисија и на Експертската група за системски прашања од областа на владеењето на правото“.

Се препознава и се поздравува фактот и дека системот е во фаза на коренити реформи, а со оглед на темпото на реформите и „проветрувањето“, кон крајот на оваа година може да се очекуваат само уште подобри оценки од меѓународната заедница.

Во изминатиот период, јавноста и меѓународната заедница можеа да посведочат дека во нашата земја се решаваат проблеми наталожени со децении. За жал, како последица од црната кампања и опструкциите, перцепциите градени со години потешко се менуваат. Но важно е промените да бидат тука и да бидат суштински.

Кои се најновите вести од „проветрувањето“ во судството?

Горан Бошевски, кој беше разрешен пред неколку дена, претставува класичен пример на судија кој намерно застарувал предмети.

Разрешен е и Стојанче Рибарев, судија на Врховен суд. Во медиумите веќе имаше голем број објави дека, во својство на вршител на должноста, претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, заминал на боледување токму во моментот кога Кривичниот совет од одделот за организиран криминал требало што поскоро да го комплетира и да го спакува предметот за „Тврдина“ и „Таргет“ за масовното незаконско прислушување, за кои се обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Тој го отворил боледувањето веднаш откако бил сослушан во СЈО за АКМИС системот. Неговата канцеларија била претресена во октомври 2017 година и биле прибрани компјутер и други доказни материјали. Во исто време, се извршил претрес и на канцеларијата и домот на експретседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Тој е веќе осуден на затворска казна од три години и шест месеци за злоупотреби на АКМИС системот.

Разрешени се и Зоранчо Мицевски, поранешен претседател на Апелацискиот суд во Штип и Сузана Здравева, судијка во Апелацискиот суд, исто така, во Штип.

За Здравева е познато дека не се изземала за случај во Клиничкиот центар во Штип, бидејќи адвокатската канцеларија каде што работи нејзиниот син, застапувала една од странките во процесот.

Ете што значат судските реформи и правдата во една цивилизирана, демократска држава. Можеби некои очекуваа „да се тркалаат глави“ и да има „стрелање“, да се линчува и суди по кратка постапка, но тоа не оди така во земја во која наталожените проблеми се решаваат институционално. Се разбира, стратегиите и законите не значат ништо, нив ги имаше во изобилство и за време на режимот на Груевски. Тие значат нешто, само ако се спроведуваат решително и бескомпромисно.

 


Creative Commons 4.0

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Ново мистериозно самоубиство во Русија: Потпретседателот на „Трансњефт“ падна од прозор и почина

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk