ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе биде на дневен ред на наредната пленарна седница

July 15, 2021 13:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џаферо денеска од собраниска говорница соопшти дека предложната Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница.

-Резолуцијата е примена во Собранието и е во изготвување да се распредели до сите пратеници. Согласно Деловникот, за актите за коишто не се распределени до пратениците не може да се отпочне собраниска постапка. Се надевам дека до наредната седница ќе биде спремен целиот материјал. Не е започната законската постапка за соодветниот документ, рече Џафери одговарајќи на процедуралната забелешка на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој на почетокот на 46. седница побара Резолуцијата да биде ставена на дневен ред.

Мицевски рече дека во јавноста имало голем интерес за овој документ.

-Оваа резолуција која што предизвика голема заинтересираност на македонска јавноста и можност да продискутираме во македонското Сонбрание во контекст на блокадите на европските интеграции. Оваа Резолуција е добар документ затоа што би имала обврзувачко дејство согласно волјата на пратениците, а за Владата би значело оцртување на лошите рамки во коишто таа смее да разговара но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси, рече тој.

Димитар Апасиев од Левица  Апасиев, повикувајќи се на член 3 став 4 од Деловникот, потенцираше дека доставувањето на материјалите двојазично на пратениците кои не се припадници на заедниците е протиуставно и протиделовнички.

-Ние како Левица овие материјали од денеска ќе ви ги враќаме. Ова на албански јас не го разбирам. Барам во иднина на службите да има кажете дека јас не сум пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, да ми доставуваат материјали исклучиво на македонски јазик, рече Апасиев.

Тој исто така го праша Џафери зошто двата закони што тие ги поднеле не се ставаат на дневен ред поднесени во мај и април, потсетувајќи го дека тој е должен во рок од три дена нив да ги достави до пратениците со што започнува собраниската постапка.

-Немам што да додадам во однос на процедуралното, во контекст на постапката што ја направи во Собранието и не бара дополнителни објаснувања. Во 1996 година имаше 11 години, касно си дошол на оваа возраст. За среќа ние сме во 21 век 2021 година и твојата постапка укажува дека си еден век назад во однос на перцепцијата и разбирањето, му одговори Џафери.

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 46. седница ги изгласа Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи, Предлог на закон за изменување на Законот за социјалната заштита, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, во прво читање.

Седницата продолжи по точките од дневен ред на 45. седница, односно за измените на Законот за ДДВ, односно за намалување на ДДВ за електричната енергија од 18 на 5 проценти.

извор: МИА

Next Post

Васев: Јанушев осомничен за штета од 5 милиони евра, нема промена во криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk