Министерството за здравство информира дека денеска пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”, одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Собранието денеска ги донесе измените на Законот за додадена вредност. Со ова, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет проценти. Намалената стапка согласно законското решение ќе се применува со денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се до 30 јуни 2022 година.
Започна процесот на чистење на линданот и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС, што подразбира расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Одделението за управни работи-Скопје, при Одделот за граѓански работи, кое периодов работи со продолжено работно време, вклучително и во текот на викендите, со единствена цел, граѓаните кои имаат потреба од издавање на нови лични документи да можат навремено да си го остварат своето право.
Министерот Благој Бочварски при денешната работна посета во Тетово истакна дека со 70 милиони евра директна помош за општините се реализираат најкрупниот и најзначајниот проект за реконструкција на локалните патишта и улици во сите општини во државата.
Министерството за правда активно работи да се спречат обидите за заобиколување на правдата, порача министерот за правда Бојан Маричиќ во своето он-лајн обраќање на отворањето на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Љупчо Николовски денеска информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доставиле документација која оди во прилог на можни злоупотреби во Скијачката и во Боречката федерација, што неговиот Кабинет ја добил како преставки за работата на овие две спортски федерации.