ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Пристигна најсовремената терапија против Ковид 19, ДДВ за струјата се намалува од 18 на пет проценти

July 15, 2021 17:54
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”,  одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Собранието денеска ги донесе измените на Законот за додадена вредност. Со ова, даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет проценти. Намалената стапка согласно законското решение ќе се применува со денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се до 30 јуни 2022 година.

Започна процесот на чистење на линданот и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС, што подразбира расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Одделението за управни работи-Скопје, при Одделот за граѓански работи, кое периодов работи со продолжено работно време, вклучително и во текот на викендите, со единствена цел, граѓаните кои имаат потреба од издавање на нови лични документи да можат навремено да си го остварат своето право.

Министерот Благој Бочварски при денешната работна посета во Тетово истакна дека со 70 милиони евра директна помош за општините се реализираат најкрупниот и најзначајниот проект за реконструкција на локалните патишта и улици во сите општини во државата.

Министерството за правда активно работи да се спречат обидите за заобиколување на правдата, порача министерот за правда Бојан Маричиќ во своето он-лајн обраќање на отворањето на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Љупчо Николовски денеска информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доставиле документација која оди во прилог на можни злоупотреби во Скијачката и во Боречката федерација, што неговиот Кабинет ја добил како преставки за работата на овие две спортски федерации.

Next Post

Изгласан законот за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk