Северна Македонија е најдобра во управувањето со јавните финансии во споредба со останатите земји од Западниот Балкан, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика – ЕПИ.
Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2 отсто.
Вакцини против Ковид-19 во земјава има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично. За релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста. Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега се пријавени вкупно 1798.
Според советничката од „Левица“ во Град Скопје, Драгана Велковска, исто е градењето на споменици и улици. Таа вели дека не постои никаква разлика помеѓу претходното и сегашното владејачко мнозинство, зашто едните граделе споменици а другиот улици.
Илјадници информации со само едно пребарување, дел од нив дезинформации, дел лажни вести, сите на штета на консументите. Дигитална ера, виртуелен свет, безброј можности на интернет-мрежата, која го олеснува секојдневниот живот правејќи со еден клик да се заврши многу работа. Истовремено, хаос од информации, кои преку, исто така, еден клик на примамливиот, најчесто сензационалистички наслов, водат до море од дезинформации и лажни вести.