Над 130 лица загинаа во западна Германија, илјадници спасувачи продолжуваат со напорите за спасување низ целиот регион.
Пријавени се повеќе од 130 лица мртви низ западна Германија, а вкупно 150 низ цела Европа
Пријавени се над 600 лица повредени, 850 војници од Бундесверот се распоредени за да помогнат во спасувањето од катастрофата која што го снајде Германското население.
Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер ги посети поплавените региони на Северна Рајна-Вестфалија, најпогодени се регионите во западна Германија
Тој во својата посета на областа Рајна-Ерфт во Северна Рајна-Вестфалија, им оддаде почит на луѓето кои загинаа во поплавата.
Заблагодарувајќи им се на екипите за спасување, германскиот шеф на државата рече дека тие „работеле до исцрпеност и пошироко“.
Зборувајќи заедно со претседателот Штајнмаер, државниот премиер на НРВ, Армин Лашет вети дека помошта брзо ќе им биде исплатена на оние во погодените области.
„Ако вашиот дом е уништен, не останува ништо, дури ни пари, веќе нема дебитна картичка“, рече тој. „Помагањето во тоа, веднаш, е најважно во следните неколку дена“, рече тој.
Нашиот дописник се сретна со неколку жители кои зборуваа за ужасот кога гледаа како им се уништени домовите и деловните простории.
Александар Петковски е сопственик на продавницата за играчки и игри Бретспиелхелд во градот.
Тој опишува како неговата продавница била покриена со скоро „еден метар вода“.
„Мислам дека ќе бидат потребни месеци или години да се реобнови“, рече тој за Дојче Веле.
Но поплавите не стивнуваат во регионот и во Белгија расте бројот на загинати тој достигна 24, бидејќи во источниот дел на земјата продолжуваат напорите за пребарување и спасување. Многу луѓе сè уште се водат за исчезнати. Полицијата во Ангел, во градот Лиеж, соопшти дека пронашле барем уште едно тело преку ноќ.
извор DW.com