ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Од 2035 година ЕУ воведува данок на CO2 и забранува продажба на возила со дизел и бензински мотори

July 20, 2021 10:52
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија минатата недела го усвои пакетот од предлог закони што ќе предизвикаат намалување на емисијата на стакленички гасови на ниво на ЕУ за 55 проценти до 2030 година, споредено со емисиите од 1990 година. Предлозите се однесуваат на климатските промени, енергетиката, користењето на земјиштето и земјоделството, транспортот и политиката на оданочувањето, се наведува во официјалното соопштение на Европската комисија.

Земјите-членки на ЕУ до 2035 година ќе ја споделат одговорноста за отстранување на емисиите на стакленички гасови од атмосферата, па така климатска неутралност до оваа година треба да се постигне во секторите користење на земјиштето, земјоделството и шумарството. До 2030 година, земјите-членки на ЕУ ќе треба да постигнат минимум 40 отсто од произведената енергија да биде од обновливи извори. Јавниот сектор ќе биде задолжен во секоја одделна земја да реновира минимум 3 отсто од нивните згради секоја година.

Една од главните новини е што од 2035 година ќе биде забранета продажбата на нови возила кои ги користат бензините и дизел горивото, односно новите возила од оваа година што ќе се продаваат на европскиот пазар ќе мора да бидат со нулта емисија на стакленички гасови, додека националните власти се обврзани да инсталираат до овој датум електрични полначи за возила на секои 60 километри на патиштата, како и хидроген полначи на секои 150 километри.

Покрај патниот транспорт, кон новите технологии за намалена емисија на стакленички гасови ќе мора да се преориентираат и авиосообраќајот и бродскиот превоз. Воедно, ЕУ ќе воведе нов данок на јаглерод диоксид (CO2) при увозот на железо, челик, цемент, ѓубрива, алуминиум и електрична енергија. Се заострува и постојниот систем на ЕУ за трговија со емисии на стакленички гасови (ЕТС) кај индустријата.

„Овие предлози се сите меѓусебно поврзани и комплементарни. Потребен ни е балансиран пакет и приходи којшто тој ќе ги генерира, како би се осигурала транзиција која што Европа ќе ја направи фер, зелена и компетитивна и ќе ја споделува одговорноста помеѓу различните сектори и помеѓу земјите-членки“, се наведува во соопштението на Европската комисија.

извор: МЕТА.мк

Next Post

Заев: Мислам дека имаме постигнато договор

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk