Бостон Динамикс, компанијата позната по својот високотехнолошки развој на роботи, неодамна создаде нова уметничка презентација, која вклучува 7 роботи кои танцуваат синхронизирано. Компанијата го коментираше нивниот потфат велејќи дека „тоа беше можност да се тестираат границите на нивните сајбернетички креации“, пишува Тechnology.org.
На видеото, гледаме внимателен кореографски редослед на движења кои многу личат на танцова изведба, со таа разлика што танчерите не се луѓе. Овие жолти роботи строго ги следат нивните синхронизирани внатрешни часовници. Но колку и да се напредни, тие сè уште не можат да разберат каква музика им се пушта. Дури и најмалиот чекор е резултат на внимателно планирање и програмирање.
Но, крајниот резултат јасно ја демонстрира супериорната способност на роботите да ги повторуваат претходно програмираните движења со најголема прецизност секогаш кога ќе го изведуваат ова шоу.
превод: М. Миткоска