Разбирам, ја градат својата политичка платформа на „вечна“ конфронтација. И кога се на власт и кога се во опозиција, најмал проблем им е да „најдат“ непријатели, а ако ги нема, да си ги создадат. Тоа е една бескрајна, мачна и мрачна приказна, без многу логика. Една тотална бесмислица за разни херојства и предавства, жртви, митови и легенди од некоја паланечка крчма во која ништо не се променило во последните 200, можеби и повеќе години, никогаш Северна, само плата и бенефиции, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
На секој со две чисти во главата му доаѓа преку глава од размислување од време на време. Периодов обрнував внимание на тоа колку често кажувам ‘Да ми е да го имам нејзиниот/неговиот памет на некој ден, да се одморам’. Иако е ова тотално утопистичка идеја, во никој случај не би сакала својот мозок перманентно да го заменам со оној на човек кој не се грижи за ништо освен за себе, индиферентен е кон околината и последично – плиток.
За да се постигне колективен имунитет на населението треба да се вакцинираат над 80 отсто од граѓаните. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека поради тоа постојано се упатуваат апели и се спроведуваат кампањи со цел да се покрена свеста на населението за потребата од вакцина.
Премиерот Зоран Заев вчера најави дека ќе бара согласност од партиите локалните избори во државата да се одржат на 31 октомври, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот. Ова практично би значело одложување на изборите со оглед на тоа што претседателот на Собранието Талат Џафери претходно најави дека според Уставот изборите би требало да се одржат на 17 октомври.
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук, кој е и нов претседател на европските либерали, доби плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар „Македонија и Бугарија – блиска и далечна“. Ќучук е редовен ппддржувач на вакви иницијативи, а оваа плакета е уште едно признание за неговиот придонес во меѓународните односи на земјата.
М. Миткоска