ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски со „Орден за заслуги за државата“ ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов

July 23, 2021 14:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателската резиденција со високо државно одликување „Орден за заслуги за државата“ ги одликува постхумно писателот Горан Стефановски, пејачот и актер Зафир Хаџиманов и професорот Ремзи Несими, како и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

-Горан Стефановски, нашиот мајстор раскажувач, преку своите антологиски драми ни помага да ја разбереме приказната за нас. После Блаже Конески, Славко Јаневски и Петре М. Андреевски, Стефановски е веројатно последниот голем архивар и согледувач на македонската култура и на македонските крстопати. Во своите дела и јавните настапи тој постојано нѐ потсетуваше дека идентитетот значи одговорност и напорна работа, рече претседателот на свеченоста по повод доделувањето на ордените.

За бардот на македонската популарна музична сцена, неповторливиот Зафир Хаџиманов, шефот на државата истакна дека овој плоден и сестран уметник преку музиката, поезијата, преку драмските и филмските улоги, умееше да зборува на јазикот на повеќе генерации и при тоа, лесно и незабележливо да поврзува различни луѓе и народи.

За основоположникот на високото образование на албански јазик во нашата земја, професорот Ремзи Несими, Пендаровски ќе издвои дека тој, е неспорно еден од најголемите авторитети на полето на албанологијата, почитуван и цитиран од сите албанолози и кај нас и во светот. Како истакнат лингвист и просветител, тој го потенцира централното место на јазикот во културата на еден народ. Јазикот како клуч за толкување на светот, пренесување на мудроста и животните искуства, за поврзување на генерациите.

Четвртиот лауреат Живко Мукаетов, кој присуствуваше на церемонијата, Пендаровски го посочи како еден од најпознатите луѓе од бизнисот во Република Северна Македонија, раководител на „Алкалоид“, компанија која е еден од носечките столбови на македонската економија, шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа. Бренд, кој вели, стана препознатлив по врвниот квалитет и принципиелната корпоративната политика на компанијата, а ја нагласи и неговата посветеност како долгогодишен поддржувач на спортот и особено филантропијата кој како прв човек на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ до сега има стипендирано 539 млади таленти од факултетите по медицина и фармација при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

-Секој од овие големи луѓе, повеќе од сигурно, заслужува посебна церемонија, чест и внимание. Но, со ова заедничко доделување на „Орден за заслуги за Република Северна Македонија“ на Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов, сакаме да ги истакнеме поединците кои ја прават поголемата слика за напредокот на нашата заедничка татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани. Верувам дека таа идеја најдобро ја изрази токму Стефановски, кој во една прилика рече: „Дај Боже во годините кои доаѓаат да можеме да се бавиме со ситни теми, со мали радости, со поединечни животи. Да не мораме да решаваме невозможни стратегиски равенки со повеќе непознати. Да ја собереме сета колективна памет на едно место и мудро да ја користиме, а не да ја расфрламе на сите страни, па да не знаеме дали ни е за економија или за култура, за мир или за војна, за лето или за зима, порача претседателот Пендаровски. 

Next Post

Царовска: Со вработување на 500 образовни асистенти се грижиме и создаваме образование за секое дете

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk