ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Секое дете е важно, отвораме градинки во целата држава

July 23, 2021 17:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Изградбата на градинките е успешна приказна на која сум особено горда“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за весникот на албански јазик „Коха“. Според Шахпаска до сега во употреба се пуштени 14 детски градинки, а уште 12 до крајот на годината.

„Следната недела ќе бидат пуштени градинките во Неготино и во Стајковци. Намерата ни  да изградиме градинки во сите делови на државата. За нас секое дете е важно, бидејќи колку порано влезе во воспитно образовниот процес, толку поподготвено ќе влезе во образовниот процес“, рече Шахпаска.

На новинарско прашање, какви се намерите на МТСП, околу изградбата на градинки во областите населени со претежно албанско население, министерката Шахпаска рече дека првата градинка што била пуштена во употреба, кога дошла на позицијата министерка, била градинката во општина Сарај, а потоа беа пуштени во употреба и градинките Брвеница и Боговиње.

„Во делот на изградба на градинки во општина Тетово и Теарце тоа е проект кој го работиме со Европската Комисија, финансиран со ИПА средства. Во тек е евалуација на понудите. Тоа ќе бидат две најсовремените градинки кои ќе бидат изградени во наредниот период. Најголемата градинка е во фаза на изградба и се наоѓа во општина Чаир. Тоа е капитален проект со кој ние како министерство сме  особено горди, бидејќи претставува еден сосема нов концепт во кој ќе бидат згрижени 350 деца“, рече Шахпаска.

Според Шахпаска, Министерството за труд и социјална политика останува посветено на ваквата политика.

„Нашата заложба е до завршување на мандатот до 2024 година 60 % од децата од предучилишна возраст, да бидат сместени во градинки. Отворени се градинки и во Прдејци-општина Гевгелија, но и градинка во која има мешана група од 20 деца во Разловци, општина Делчево. Работиме на градинки во Градско и Росоман, а Могила ни е во следниот период“, рече Шахпаска.

Министерката посочи и дека пред околу еден  месец во употреба е  пуштена и градинката во Шуто Оризари. Така се подига свеста и на родителите на децата од Шуто Оризари дека сместувањето на деца во градинки е придобивка за целиот систем  и за децата занив како родители и за нас како општество, додаде Шахпаска.

Next Post
Фото: скриншот

Попладневен преглед: Мијалков ослободен од едно обвинение, кредибилитетот на ЕУ на Балканот, вакцинацијата руши рекорди

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk