Борјан Бранковски е првиот наш натпреварувач што настапи на Олимпијадата во Токио. Тој во квалификациите постигна резултат од 573 кругови и го освои 21-вото место од вкупно 36 натпреварувачи. Овој резултат е многу подобар од резултатите што Бранковски ги постигна на Европското првенство во Осиек, Хрватска (567 кругови) и Светското првенство во Чангвонг, Јужна Кореја (570 кругови).
Бранковски во 6-те серии ги имаше овие резултати: 94 – 93 – 98 – 95 – 96 – 97 и на крајот за 5 кругови не се пласира во финалето меѓу 8-те најдобри.
Медалите ги освоија Javad Foroughi од Иран (злато), Дамир Микец од Србија (сребро) и Wei Pang од Кина (бронза).
На денешното натпреварување, само пет европски стрелци имаат подобар резултат од нашиот Борјан Бранковски. Со овој резултат тој покажа дека во иднина од него можеме да очекуваме добри резултати и медали од големите натпреварувања.
А. Лукароски