Откако Тричковски објави дека Мицкоски ќе почне да нуди евтини билети за лет во вселената, Мицкоски до редакцијата на АХА, испрати реакција во која, како што вели, ја демантира полунформацијата. „Во врска со претпоставката од Тричко кој напиша: „Ако уште еднаш се состане со амбасадорката Барнс, Мицко ќе почне да нуди и евтини билети за лет во вселената.“, најостро демантирам дека јас – Христијан Мицкоски ќе нудам евтини билети за летови во вселената.
Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно 25 години затвор. Поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски, е осуден на шест години и шест месеци, а поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, исто така обвинет во овој случај е осуден на шест години и три месеци. На шест години и три месеци затвор, пак, е осуден поранешниот министер за наука и образование Спиро Ристоски.
Од денеска е отворен првиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје, кој ќе функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“. Основната задача на Центарот е поддршка, помагање и насочување на згрижувачките семејства, за обезбедување соодветна грижа на детето сместено кај нив. Исто така, ќе се врши и проценка, обука и подготовка на идните згрижувачки семејства.
Апсолутно не, никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи, таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите, пронајдена е по анализата системски, тоа значи во делот на административното функционирање на јавните институции, вели Премиерот Заев.
Последното истражување на јавно мислење спроведено од страна на агенција за испитување на јавно мислење „Рејтинг“, покажува дека кандидатот на СДСМ во Крива Паланка ќе победи на локалните избори.