Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Прилеп доживеал сообраќајна незгода. На пат кон настанот за промоција на партиските политики, возило удрило странично во автомобилот во кој се превезувал Мицкоски. Причинета е помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката.
Како што брифираат за 360 степени од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се чувствува добро, а веднаш по незгодата тој се обрати и на настанот пред прилепчани.
Мицкоски зборуваше за политиките кои ги планира ВМРО-ДПМНЕ, а кои го засегаат регионот на Прилеп, вети изградба на автопат кој ќе ја опфати трасата од Скопје кон Велес преку Бабуна кон Прилеп, Битола и Меџитлија, како и закон за забрана за увоз на тутун додека не се откупи домашниот.