Поврзан Балкан“ е насловен главниот панел на Регионалниот економски форум во Скопје, со учество на премиерите на Северна Македонија Зоран Заев, и на Албанија Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и претставници на повеќе од 300 компании од регионот и од меѓународни институции.
Повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права, се обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2021 година што го усвои вчера Собранието.
Го слушаме и го прифаќаме и повикот на деловните луѓе од регионот – ‘помалку историја – повеќе економија’, за доброто и за иднината на граѓаните. Нашата цел за интегриран регионален пазар носи дополнителен раст на БДП во регионот, бидејќи поврзани сме посилни. Тоа го го прави Западен Балкан попривлечен, поконкурентен и поблиску до пазарите на ЕУ.
Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои што аплицираа на Јавниот повик.
Од денеска започнува нова ера на соработката во регионот. Денеска во Скопје се претставници на преку 350 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и уште стотина претставници на стопанските комори и на деловните заедници од другите земји од Западен Балкан, како и од повеќе други земји пошироко од регионот.
Согласно овие измени уште 1 100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, ќе можат да добијат право на месечен надомест до вработување или пензионирање. Досега за право на надомест можеа да аплицираат граѓани кои имаа најмалку 15 години работен стаж.