ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

July 29, 2021 10:57
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Астрономи од Универзитетот „Стенфорд“ (САД) и повеќе други земји, успеаја да погледнат зад црна дупка по првпат и така покажаа дека Алберт Ајнштајн бил во право за тоа како се однесуваат овие мистериозни вселенски појави. Меѓународниот тим истражувачи користел рендгенски телескопи, за да проучи супермасивна црна дупка оддалечена 800 милиони светлосни години во центарот на една далечна галаксија.

Истражувачите ги видоа вообичаените обележја на црна дупка, но забележаа и светлина (во облик на икс-зраци), која се емитува од подалечната, задна страна на црната дупка.

Црните дупки се раѓаат кога огромна ѕвезда ќе експлодира во супернова, а потоа се урива сама од себе. Ова создава густа материја која „голта“ сѐ во нејзината близина, па вообичаено е невозможно да се види светлина од задниот дел на црната дупка. Како и да е, догматската теорија за општ релативитет на Ајнштајн уште 1915 година предвиде дека гравитационото привлекување на црните дупки е, веројатно, толку огромно што тие го искривуваат самиот изглед на Вселената, „извиткувајќи“ ги и магнетните полиња и светлината.

Како резултат на тоа, тезата на Ајнштајн тврди дека можеби е можно да се видат светлосни бранови исфрлени од задната страна на црната дупка, поради искривените магнетни полиња што делуваат како огледало.

Научниците ја прифатија теоријата, но досега не беа во можност директно да го набљудуваат феноменот. Сега, благодарение на современите телескопи и развојот на високотехнолошки инструменти, се чини, тоа е можно.

Ден Вилкинс, астрофизичар од „Стенфорд“, го проучувал начинот како црната дупка ги распарчува атомите и електроните, како и икс-зраците што таа потоа ги произведува. По прегледот на податоците, проф. Вилкинс го видел она што го очекувал – икс-зраци упатени директно кон Земјата од јадрото на црната дупка, но и неочекувани реакции набргу потоа.

– Пред 50 години, кога астрофизичарите почнаа да шпекулираат за тоа како магнетното поле може да се однесува близу црна дупка, тие не знаеја дека еден ден ќе имаме и техника да го набљудуваме ова директно и да ја видиме општата теорија на релативноста на Ајнштајн на дело, рече проф. Роџер Бленфорд, еден од авторите на истражувањето, исто така од „Стенфорд“.

Ова се, како што рече тој – икс-зраци исфрлени во спротивна насока од Земјата, но се рефлектираат од магнетното поле на црната дупка. Откритието, објавено во „Нејчр“, според научниците, уште еднаш докажува дека Ајнштајн бил во право и ја поддржува теоријата за општа релативност.

извор: МИА

Next Post

Заев од Економски форум: Кога ЕУ ќе биде подготвена, ние сме тука - веќе подготвени

Најново

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk