Собранието вчера ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во исто време, премиерот Зоран Заев изјави дека разговорите со Бугарија за изнаоѓање решение за отворените прашања и надминување на ветото за ЕУ ќе продолжат веднаш откако ќе се формира влада во Софија по предвремените избори во земјата одржани претходно овој месец.
Како што вели Николовски, по спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во рамки на органите на партијата и секако по консултација со членовите, Тони Делков е кандидат за градоначалник на Неготино, Борче Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Звонко Пекевски – Берово и Даниел Крстевски за Ранковце.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Прилеп доживеал сообраќајна незгода. На пат кон настанот за промоција на партиските политики, возило удрило странично во автомобилот во кој се превезувал Мицкоски. Причинета е помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката. Изјавил дека се чувствува добро.
Во пораст е бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје за претходното деноноќие покажуваат дека при направени 3.764 тестирања се регистрирани 54 нови случаи со Ковид-19, 12 оздравени и нема починати пациенти. Надлежните апелираат вакцинацијата да биде помасовна.
Општина Центар продолжува со изградба на модерни и функционални детски игралишта на повеќе локации што ќе претставуваат нови рекреативни зони за најмладите. Во општинскиот буџет се одвоени 10 милиони денари за реконструкција и санација на детски и спортски игралишта во Центар.
М. Миткоска