Џамбаски со остар коментар за Резолуцијата усвоена во македонското Собрание. Во писмо до европратениците, како и до шефот на германската дипломатија Хајко Маас, Џамбаски вели дека ако се почитуваат тие „црвени линии“ Заедничката македонско-бугарска комисија, формирана врз основа на Договорот за добрососедство во 2017, просто не може да функционира.
Додека Европа се мисли кога да го испорача тоа што ни го вети, ние не можеме да чекаме, мора да работиме, мора да го унапредиме животот. Ние мораме секој атом енергија, секој потенцијал на оваа наша земја да го искористиме, а тоа се мултиплицира навистина со унапредувањето на соработката со сите, изјави премиерот Зоран Заев.
Во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти. Не се регистрирани починати пациенти.
Владата ја дополни Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи со дополнителни 22.900.000,00 денари со што вкупниот износ на средствата од дел I на оваа програма наместо 15.000.000,00 денари ќе изнесува 37.900.000,00 денари, се наведува во соопштението на владината прес-служба.
Мечкин камен е добар за пикник. Скара, пиво, фудбал на мали голчиња, мажи во шорцеви, жени во бикини со големи шешири, голи деца трчаат по топка, зурлаџии прават балони од образите, мали тезги на кои може да се купи крушевски мед, лилихипи, плетени опинци и фути во народен стил, плетени и везени чаршави и миљенца за масичката пред телевизорот, млади парови што се парат низ коријата… Пишува, БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.
М. Миткоска