ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: „Отворен Балкан“ – симбол на пријателство, заедно можеме повеќе, очекувам да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица, вели Заев

August 1, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев за Танјуг: Од 1 јануари 2023 година нема повеќе граници меѓу Србија, Македонија и Албанија. Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ сега ни создава можности да направиме многу и сами да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во ексклузивно интервју за ТВ Танјуг.

Заев за „Танјуг“: „Отворен Балкан“ е затоа што заедно можеме да направиме многу и очекувам наскоро да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица. Заев истакнува дека кога го кажува тоа ги пренесува мислите и на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерот на Албанија Еди Рама, додава дека во претстојниот период и покрај воздржаните или негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, во врска со „Отворен Балкан“, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе се приклучат на иницијативата бидејќи сите истражувања покажуваат дека граѓаните на овие земји гледаат позитивно на потенцијалот на придобивките што го носи регионалната соработка и отворените граници.

Заев: Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство. Губиме една милијарда евра чекајќи на границите. Нашите безбедносни системи и Министерствата за внатрешни работи имаат одлична соработка и споделуваат работи за евентуална борба против криминалот и корупцијата. Заедно ќе инвестираме во веројатно најголемата фотоволтаична централа од околу 700 мегавати, изјави Заев.

Д-р Даниловски: Освен со тестирање, нема начин да се направи разлика меѓу делта сојот и обична настинка. Интересно кај делта-сојот е дека многу умешно си направи една мимикрија за да не биде препознаен, се измаскира во однос на алфа-сојот и на оној класичниот тип од Вухан. Со тоа што овојпат кај делта апсолутно предоминираат симптоми на обична настинка – главоболка, болка во грлото и течење на носот. Она што беше класика за алфа – кашлица, губење на мирис и вкус итн. некако се повлекоа во заден план, објаснува д-р Даниловски.

Потпишани договори за 94 проекти во општините низ цела држава, финансирани со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата.

Салиху за „Слободен Печат“: Скопје го врати неговиот „културен сјај“. Ваљон Салиху потсетува дека традицијата на посетувани концерти на отворено беше негувана и пред пандемијата за време на „Градски летен парк“, и дека „уште долго ќе се паметат концертите за дочек на 2019 со „Парни Ваљак“(со пред-бенд познатите „Офкестра“), и за дочек на 2020 со Дино Мерлин (со пред-бенд познатите „Џипси Грув“).“

Денот за сеќавање на Холокаустот врз Ромите одбележан во Градскиот парк во Скопје. „Да не се заборави и да не се повтори“ е паролата која се пренесува од генерација на генерација. За ромската заедница овој датум значи болка и траума, особено за семејствата на жртвите од Холокаустот, но и претставува силен поттик за барање на правда, еднаквост и борба против дискриминацијата, изјави Шенас Имер, програмски координатор на проектот на УСАИД за инклузија на Ромите.

И утре многу топло време, минимален пад на температурите кон средина на неделата. Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.
И компанијата „Волт Дизни“ со одлука за задолжителна вакцинација на вработените. Вработените кои не се вакцинирани, а физички доаѓаат на работа, ќе имаат рок од 60 дена за да ги пополнат своите протоколи и целиот персонал кој се уште работи од дома ќе мора да дојде на проверка за вакцинација пред да се врати, со некои ограничени исклучоци.
И. Т. З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk