Заев за Танјуг: Од 1 јануари 2023 година нема повеќе граници меѓу Србија, Македонија и Албанија. Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ сега ни создава можности да направиме многу и сами да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во ексклузивно интервју за ТВ Танјуг.
Заев за „Танјуг“: „Отворен Балкан“ е затоа што заедно можеме да направиме многу и очекувам наскоро да се приклучат и Приштина, Сараево и Подгорица. Заев истакнува дека кога го кажува тоа ги пренесува мислите и на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерот на Албанија Еди Рама, додава дека во претстојниот период и покрај воздржаните или негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, во врска со „Отворен Балкан“, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе се приклучат на иницијативата бидејќи сите истражувања покажуваат дека граѓаните на овие земји гледаат позитивно на потенцијалот на придобивките што го носи регионалната соработка и отворените граници.
Заев: Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство. Губиме една милијарда евра чекајќи на границите. Нашите безбедносни системи и Министерствата за внатрешни работи имаат одлична соработка и споделуваат работи за евентуална борба против криминалот и корупцијата. Заедно ќе инвестираме во веројатно најголемата фотоволтаична централа од околу 700 мегавати, изјави Заев.
Д-р Даниловски: Освен со тестирање, нема начин да се направи разлика меѓу делта сојот и обична настинка. Интересно кај делта-сојот е дека многу умешно си направи една мимикрија за да не биде препознаен, се измаскира во однос на алфа-сојот и на оној класичниот тип од Вухан. Со тоа што овојпат кај делта апсолутно предоминираат симптоми на обична настинка – главоболка, болка во грлото и течење на носот. Она што беше класика за алфа – кашлица, губење на мирис и вкус итн. некако се повлекоа во заден план, објаснува д-р Даниловски.
Потпишани договори за 94 проекти во општините низ цела држава, финансирани со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата.
Салиху за „Слободен Печат“: Скопје го врати неговиот „културен сјај“. Ваљон Салиху потсетува дека традицијата на посетувани концерти на отворено беше негувана и пред пандемијата за време на „Градски летен парк“, и дека „уште долго ќе се паметат концертите за дочек на 2019 со „Парни Ваљак“(со пред-бенд познатите „Офкестра“), и за дочек на 2020 со Дино Мерлин (со пред-бенд познатите „Џипси Грув“).“
Денот за сеќавање на Холокаустот врз Ромите одбележан во Градскиот парк во Скопје. „Да не се заборави и да не се повтори“ е паролата која се пренесува од генерација на генерација. За ромската заедница овој датум значи болка и траума, особено за семејствата на жртвите од Холокаустот, но и претставува силен поттик за барање на правда, еднаквост и борба против дискриминацијата, изјави Шенас Имер, програмски координатор на проектот на УСАИД за инклузија на Ромите.