ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Илинден со визионерството и вредностите живее и повторно се раѓа со секој нов ден и секоја нова генерација

August 2, 2021 12:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешното свечено одбележување на 2 Август – Денот на Републиката кога се означуваат 118 години од Крушевската Република во 1903 година и 77 години од Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, ги претставува двата столба врз кои се темели државотворноста на земјата, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери во обраќање на манифестацијата во Скопје по повод Денот на Републиката, пред Собранието на Република Северна Македонија.

– Тоа што сме тука, а не сме во Крушево или во Пелинце или малку подолу пред споменикот на Методија Андонов Ченто не прави воопшто разлика во однос на важноста на овој празник, во однос на неговата долговечност или пак во однос на тоа каде се наоѓа духот на заедништвото, храброста, визионерството, односно тоа што претставува концепт којшто ги опишува заедничките вредности кои ги славиме и ги празнуваме, вели Џафери.

Тој додава дека празникот не е поврзан со одредено место во државата, туку тој живее и повторно се раѓа со секој нов ден и секоја нова генерација.

– Нашата држава е спој на различности, каде секој уникатен дел расте и се развива врз своите корени кои биле и се потврда на долговечноста и истрајноста на народите коишто живееле и биле дел од ова поднебје, вели Џафери.

Претседателот на Собранието во своето обраќање посочи дека низ годините растот и развојот на земјата не бил лесен да опстане и да се сочува мирот, како и да се зајакне безбедноста и сигурноста на границите на граѓаните и да се одржи економската стабилност.

– Република Северна Македонија колку и да е мала по територија има значајна геостратешка важност и не била надвор од глобалните случувања и доследно тие случувања се прелевале и имале влијание врз развојниот пат на државата. Меѓутоа, желбата за заедничка слободна и независна држава, држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе бидат подеднакво за сите граѓани без разлика на етничката, верската или која било друга припадност доведе до тоа и нашата земја да ја посочуваат како свето примарно успешна приказна во регионот, додава тој.

Надоврзувајќи се на неодамна донесената Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадата на европските интеграции, Џафери ја опиша како најдобра потврда за тоа дека има заемна почит, се води заедничка битка за одржувањето во живот на сонот на сите знајни и незнајни јунаци кои низ годините го положија најскапоценото.

– Има една константа, а тоа е дека ниту доброто, ниту лошото не бира по нација, не бира во вера, по пол, по социјален и економски статус, ниту пак бира по политичка припадност. Едноставно се случува и во еден миг сите подеднакво сме исправени пред новиот момент, а такви моменти постоеле. За тоа сведочи пишаната историја, живите сведоштва, испеаните песни и раскажаните преданија. Такви моменти на предизвици постојат и сега и верувам дека ви се познати и вам во ова необично време на пандемија која го зафати целиот свет, истакна претседателот на Собранието во своето обраќање.

Со членството во НАТО, тој истакна дека државата се движи кон вистинскиот пат и оти биле донесени тешки државни одлуки што го деблокираа патот кон евроатлантската интеграција, што овозможи политичко созревање.

– Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија. Тоа е наш долг кон сите оние кои се бореа за таква граѓанска држава, општество на сите граѓани во кое ќе растат нашите деца, внуци и идни генерации кои заслужуваат да живеат, растат, се образуваат и творат во европска Република Северна Македонија, современа и просперитетна држава на европски граѓани, истакна Џафери.

Прославата за Денот на Републиката, во главниот град започна со положување цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред Споменик на АСНОМ и пред споменик на Никола Карев.

На манифестацијата присуствуваа и положија цвеќе собраниската делегација предводена од Талат Џафери, владината делегација предводена од министерот за здравство, Венко Филипче заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.

Цвеќе положија и претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, Сојузот на борците од НОАВМ, Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, претставници на Народна банка на Република Северна Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, претставници од верските заедници и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија,

Присутни беа и делегацијата на СДСМ предводена од д-р Милена Стевановиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ, заедно со Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ и Саша Димитријевиќ, потпретседател на СДММ. Цвеќе положи и делегацијата на Град Скопје, предводена од членовите во Советот на Град Скопје, Анета Стојановска Стефанова, Бранко Георгиевски и Михаела Иванова. На манифестацијата присуствуваа и положија цвеќе и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Владо Мисајловски.

Програмата за Денот на Републиката во главниот град продолжи со културно-уметничка програма.

Next Post

Вистиномер: Нема докази дека вакцините содржат графен оксид

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk