Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, вчера од Берово информира дека досега се вакцинирани 59 проценти од вработените во градинките во државата, а тенденцијата е таа бројка да биде уште поголема.
– Работата на градинката не престанала иако се наоѓаме на средина на годишните одмори. Во изминатиот период сериозно се пристапи кон процесот на вакцинирање за што говори и самата бројка на вакцинирани од 59 процентен одзив. Ги повикувам и останатите 41 проценти од вработените да се довакцинираат за да може да биде обезбеден престојот на децата во градинките, рече Шахпаска.
Во моментот како што додаде побарано е од Комисијата за заразни болести да се зголеми бројот на групите на деца кои посетуваат градинка. Министерката посочи дека доколку дозволи епидемиолошката состојба може да се очекува во најскоро време градинките да работат со полн капацитет./ МИА/