ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Нема докази дека вакцините содржат графен оксид

August 2, 2021 13:00
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението, пишува „Вистиномер“ во својата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост:

Објавата на Фејсбук ја доведува во заблуда јавноста дека конечно е откриена тајната дека содржината на Фајзеровата вакцина е 99 отсто графен оксид. Како поткрепа на ова тврдење се истакнува дека видеото било цензурирано од Youtube каналот, со што сега, наводно, конечно била откриена вистината.

Youtube ме цензурираше! Погрешна одлука другари. Е ова е ТОА! Тек сега ќе го прошириме насекаде! 99% од содржината на ва* цинa*a е ГРАФЕН ОКСИД . Видеото кое само на Балканот се сподели повеќе од 20.000 пати! Овојпат имаме НАУЧЕН ДОКАЗ, овојпат ТАЈНАТА е откриена! …За ова мора да дознаат сите, дури и оние ваши и наши пријатели што веќе се „боцнале“, стои во објавата на постот споделено со видео преземено од StewPeters.tv

Видеото се базира на онлајн-интервју со д-р Џејн Руби, како што ја именува водителот, економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи со 20-годишно искуство. Таа во интервјуто се потпира на истражувањето на тим научници од Универзитетот Алмерија од Шпанија, а извештајот го има подготвено професорот Пабло Кампра Мадрид. Во истото видео се тврди дека од таа причина доаѓа до магнетизирачко дејство на организмот и дека тоа е дел од глобален експеримент врз светската популација и поврзување со 5Г мрежата.

„Вистиномер“ веќе има пишувано дека споменатото истражување не дава убедливи научни докази оти вакцината на „Фајзер/Биотек“ против ковид-19 содржи графен оксид, како што наведуваат во интервјуто споделено на Фејсбук. Тоа го поткрепи и со фактот дека вакво истражување нема објавено во ниту една научна студија, ниту, пак, го има објавено самиот Универзитет Алмерија, како што пренесе шпанскиот портал Њутрал.ес.

Академската институција се дистанцирала од оваа претпоставена студија и нејзините заклучоци:

Овој универзитет ниту ги поддржува, ниту ги „споделува“ заклучоците од студијата, бидејќи станува збор за „неофицијален извештај на универзитетски професор за анализа на примерок од непознато потекло со тотален недостаток на следливост,“ се истакнува во соопштението од универзитетот објавено на 2 јули.

Во видеото гостинката тврди дека станува збор за вакцината „Фајзер“, при што имало некој во полицијата да ја потврди автентичноста на потеклото на вакцината. Авторот, пак, на извештојот, како што пренесува поратлот Њутрал.ес, признава дека епруветата со течноста, која ја анализирал, пристигнала со достава, но дека не знае од каде доаѓа, односно не можел да го следи патот на пратката. Исто така, појаснува дека лицето кое му го испратило овој наводен пакет е Рикардо Делгадо Мартин, познат по ширењето антиваксерски содржини.

Претставник на „Фајзер“ за Асошиејтед прес ијзавил дека во нивната вакцина нема графен оксид. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во Фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница (не е peer-reviewed), ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија.

Сублимирајќи ги сите информации, може да се констатира дека постот со видео објавата шират дезинформации поврзани со составот и квалитетот на вакцините. Графен оксидот не е на листата состојки во вакцината против ковид-19. На македонската официјална страница за вакцинација го има целосниот состав и сите компоненти на вакцините. Тие може да се пронајдат на овој линк. Од приложените документи може да се види дека во составот на вакцината на „Фајзер-Бионтек“ нема графен оксид.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Би-Би-Си: Израелските напади врз иранските нуклеарни комплекси нема да предизвикаат нов Чернобил

June 19, 2025

Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

June 19, 2025

Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk