ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Пожарот целосно е локализиран, хеликоптерите гасат во планинскиот дел од Кочанско

August 3, 2021 11:06
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно е локализиран и е ставен под контрола пожарот што избувна вчера околу 13 ч. во близина на кочанското село Бели, а во текот на денот ветерот го рашири во неколку правци. На одделни места во близина на селото Тркање од рано утринава сѐ уште се забележува чад од опожарениот шумски појас и нискостеблестата вегетација. По извршената контрола утрово констатирано е дека нема опасност од негово повторно ширење, но на терен и понатаму ќе останат противпожарните единици, известуваат од Општина Кочани.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев известува дека во тек е гасењето на пожарот во атарот на планински села во Осоговијата, каде гори дабова и букова шума, и каде освен со воздухопловна поддршка, невозможна е друга интервенција. Хеликоптерите на Армијата од 6 часот веќе дејствуваат на тој терен.

Околу 500 припадници на територијалните противпожарни единици од повеќе градови во државата, припадници на Армијата и месно население ноќеска учествуваа во гасењето на огнената стихија која се прошири во линија од десетина километри. Во изминатото деноноќие таа сериозно ги загрози населбите на западната страна од градот, поголем број производствени капацитети во зоната Лесна индустрија, склад со течни горива и гас, како и земјоделски површини со лозови и други насади. Опожарени се неколку куќи, складот со дрва на Национални шуми и хаварисано возило. Штетите допрва ќе се проценуваат.

Доцна  ноќеска во Кочани пристигнаа претседателот на Владата Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кои заедно со градоначалникот Николчо Илијев го координираа гасењето на пожарот.

Градоначалникот Илијев упати благодарност до сите сограѓани кои помогнаа во гасењето на пожарот, до војската и полицијата, до противпожарните единици од Кавадарци, Велес, Штип, Пробиштип, Македонска Каменица, Виница, до Град Скопје од каде пристигнаа неколку цистерни кои дадоа огромен придонес во локализирањето на пожарот. Тој истакнува дека и во оваа непогода Кочани покажа дека има пријатели коишто несебично помагаат и дека со солидарност ќе биде победена и оваа стихија.

Next Post
Prtint Screen

Заев: Тешка илинденска ноќ, заедно ќе ги надминеме овие пеколни предизвици

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk