Српска напредна странка, на српскиот претседател Александар Вучиќ не објави ниту еден збор за денешната средба на лидерот на СНС и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За средбата на Мицкоски и Вучиќ, преку социјалните медиуми се пофали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, притоа објавувајќи фотографија стара повеќе од две години.
Министерот Спасовски во Старо Нагоричане го пречека својот српски колега Вулин и четирите хеликоптери за гасење пожар. Пожарот е локализиран, но поради теренските специфики и временските услови бара насочување на добар дел од капацитетите за да се избегне ризикот од него повторно ширење, рече Спасовски на средбата со Вулин.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека според податоците до 18 часот на територијата на државата се активни неколку пожари во скопскиот, струмичкиот, кумановскиот охридскиот, битолскиот и штипскиот регион.
Привремено затворен ГП Богородица поради пожар. Пожарот поради ветрот се движеше кон границата со Грција, поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро. Според последните информации, огнот во делот во близина на ГП „Богородица“ е изгаснат.
М. Миткоска