Министерот Спасовски во Старо Нагоричане го пречека својот српски колега Вулин и четирите хеликоптери за гасење пожар.
– Во текот на вчерашниот ден, особено во попладневните часови, се соочивме со навистина сериозна ситуација со 13 активни пожари, посебно на источниот дел од државата, од кои дел и на тешко пристапни локации, што беше причина да ја напуштам свеченоста на Мечкин Камен во Крушево и веднаш да дојдам во регионов, кадешто македонската полиција веќе беше на терен и помагаше во гасењето на пожарите. Меѓу нив и овој на подрачјето на Старо Нагоричане, каде што сме сега, кој е локализиран, но поради теренските специфики и временските услови бара насочување на добар дел од капацитетите за да се избегне ризикот од него повторно ширење, рече Спасовски на средбата со Вулин.