ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Секој час се отвораат нови жаришта низ земјава, ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс“ и „твикс“, минатиот месец најтопол досега

August 5, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје моментно се активни 18 пожари од кои три се најкритични, во Кучково кон Горно Свиларе, меѓу Добри Дол и Ракотинци во Сопиште, како и во Горно Блаце. Како што соопштија денеска на прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговите соработници, за само неполн час се пријавени нови седум пожари. Причина за ваквата алармантна ситуација се високите температури и силниот ветер кој го отежнува гасењето.

Од денеска Главниот штаб за управување со кризи ја презема целосната координација во борбата против пожарите. Главниот штаб на седница попладнево донесе Акциски план за превенција и справување со пожарите. Како што соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, планот е ист по обем како минатите години кога имаше силни пожари, но засилен.

Ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс“ и „твикс“ на производителот „Дукатос“, се очекува наскоро да соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Овие два вида сладоледи, како и овошниот јогурт со рибизла на „Дукатос“ веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија. Повлечени се од маркетите по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот етилен оксид.

Овој јули беше најтопол во светот, по јули 2019 година и јули 2016 година, соопштија научниците од ЕУ. Според нив, минатиот месец беше обележан со невообичаено високи температури во многу региони – од Финска до САД.

Олимпискиот домаќин Токио потврди над 5.000 новозаразени со коронавирус поради брзото ширење на делта мутацијата, а експертите стравуваат дека здравствениот систем би можел наскоро да доживее колапс. Новозаразените 5.042 лица претставуваате нов рекорд за јапонскиот главен град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразени може двојно да се зголеми во следните две недели. Во болниците се примаат само сериозно заболени.

М. Миткоска

 

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување

НАЈНОВО

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

November 2, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Прва свадба во Нотр-Дам по 30 години: Дрводелецот што ја обновуваше катедралата се ожени

November 2, 2025

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, не се потврдени пријавите за шест настани

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk