ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бугарија презема чекори да го запре пожарот што доаѓа од Пехчево

August 6, 2021 06:33
in ДЕНЕС, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Симитли Апостол Апостолов и претседателот на општинскиот совет Владимир Христов, ноќеска на границата со Северна Македонија ја проверуваа  состојбата со пожарот помеѓу Делчево и Пехчево и се координираа за потребните активности за негово запирање на бугарска територија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Апостолов, ситуацијата е многу сериозна, а силниот ветер што дува во областа на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија дополнително ја отежнува ситуацијата. Тој рече дека бил во постојан контакт со властите во С Македонија, како и со пожарникарите од Благоевград вклучени во гаснењето на пожарот.

Апостолов вели  дека Северна Македонија се организирала, има многу луѓе на терен, како и хеликоптери, но во моментов огнот не може да се запре. Според информациите со кои располага градоначалникот на бугарската општина Симитли, пожарот ги зафатил селата Негрево и Царник. Апостолов разговараше и со директорот на Претпријатието за шумарство Симитли, Благој Кишев, кој го увери дека ќе биде испрате булдожер до подрачјето на границата помеѓу Северна Македонија и Општина Симитли за да се направат ископи и се запре огнот ако помине од границата со Бугарија.

Раководството на Општина Симитли ги повика граѓаните кои живеат во повисоките населби на градот во близина на границата со Северна Македонија да бидат што е можно повнимателни и доколку е потребно да се евакуираат во градот.

Веста за пожарот во Северна Македонија е централна тема за бугарските медиуми, кои потсетуваат дека нивната земја им помага на градовите Пехчево и Делчево во соседната држава.

Next Post

Џафери ќе ги распише локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk