ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ЦУК: Активни седум пожари, екипите се справуваат на терен

August 7, 2021 17:29
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пожарот на местото викано Бајаз Тепе се уште е активен кај на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, но со намален интензитет, без појава на ветер и полесно може да се следи. На него дејствуваат веќе постоечките екипи од АРСМ, ШС Равна река, ШС Малешево, ТППЕ Берово, ДЗС, РЦУК Берово, месно население, како и помош од Р. Бугарија, Р. Словенија и Р. Австрија. Хеликоптерите се постојано активни и канадерот од Романија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 15:00 часот.

Во објава на Фејсбук од ЦУК прецизираат дека на терен се 120 припадници на Армијата, 30 вработени во

Шумското стопанство Равна Река – Пехчево заедно со две теренски возила со цистерни и четири возила за превоз, 15 вработени со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз од ШС Малешево Берово, екипа на ТППЕ Берово со седум пожарникари и две противпожарни возила возила, БППЗ Скопје и ТППЕ Штип и Струмица со по едно противпожарно возило, ПО ДЗС со 4 вработени и 1 теренско возило со цистерна, РЦУК Берово со 2 вработени, ПП екипи од Бугарија со 20 пожарникари и 3 ПП возила, ПП екипа од Словенија со 45 лица и 17 возила, како и 60 луѓе од месното население.

-Според информациите добиени од РЦУК Берово и ТППЕ Берово пожарот кој зафати повеќе атари во делчевско полека се става под контрола. Пожарот во моментов е активен кај селото Разловци место викано Чокалица. ТППЕ Делчево се наоѓаат на терен и се во состојба да го контролираат пожарот. Според информацијата од ТППЕ Делчево дел од силите за гасење по потреба се пренасочуваат кон покритичните места во Беровско, појааснуваат од ЦУК.

На овој терен, како што информираат интервенираат АРСМ со 14-15 војници, ШС Голак Делчево со 15 вработени и 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 5 пожарникари и 1 ПП возило.

-Пожарот на потегот од село Криви Дол кон Кадрифаково е повторно активен и според информациите од терен се работи за опожарена сува трева и помала површина од борчиња. На терен се наоѓаат 2 ПП мв (цистерни), 1 ПП мв џип и 11 пожарникари од ТППЕ Штип, 2 ловочувари со 1 теренско возило и 2 од РЦУК Штип со џип Лада Нива. Гасењето го отежнува ветер од променлив правец, велат од ЦУК.

На терен, додаваат,  интервенираат 11 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Штип, 2 ловочувари со теренско возило и 2 претставници од РЦУК Штип.

-Пожарот кај село Богословец, Општина Свети Николе во моментот е проширен и е активен во атар Криви Дол и село Кадрифаково. Пожарот се наоѓа на граница помеѓу Св.Николе и Штип. Гори нискостеблеста шума и сува трева. Во гасењето учествуваат од ТППЕ – 4 со 1 пп возило, 2 од ШС со 1 теренско возило, и 2 од ДЗС со 1 теренско возило. Се работи да се спречи навлегување на пожарот во боровата шума, прецизираат од ЦУК.

Од страна на Свети Николе интервенираат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Свети Николе, 2 ШС Свети Николе со 1 теренско возило, 2 ДЗС Свети Николе.

-Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во ниските предели е изгаснат, но во непристапните делови се уште е активен. На терен се ТППЕ Прилеп со  9 пожарникари, Затвор Прилеп 12, ДЗС Прилеп и Битола 13, АРМ 20, Шумско Прилеп 6 и месно население 1 човек, велатод ЦУК.

Пожарот кај село Дамјан, потенцираат, е под контрола. Гори сува трева, нискостеблеста шума и дабова шума.Зафатена површина од окилу 100 ха (неофицијално).Екипите се на терен. Интервенираат ТППЕ Радовиш – 1 возило Лада Нива и 5 пожарникари, ЈП „Национални шуми “ ПШС „Плачковица“ – 27 луѓе,

4 теренски и 1ПП возило, 1 од РЦУК Радовиш, ЕЛС Конче- 1 трактор со цистерна и 5 вработени, Боров дол-Бучим со 1 екипа 1 цистерна.

-Пожарот кај село Џидимирци е активен. Гори висока сува трева и дабова шума. Пожарот зафаќа фронт од околу 1,5 километар. Во гасењето учествуваат 4 луѓе со 1 теренско возило од ШС Бабуна-Велес и 5 пожарникари со едно пп возило. На лице место има и екипа од ШС Караџица-Скопје кои се дојдени од скопска страна, како и од ШС Велес со 4 вработени со 1 теренско возило и 5 пожарникари со 1 ПП возило, посочуваат од ЦУК.

Next Post

Попладневен преглед: Рапиден раст на нови ковид случаи, 378 новозаразени, aктивни седум пожари, екипите се борат со огнените стихии, приведени подметнувачи на пожари

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Дрон повторно го затвори аеродромот во Брисел

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Три лица загинаа во напад на американската армија во Карипско Море

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk