Нови 378 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 25 пациенти, едно починато лице. Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1.
ЦУК: Активни седум пожари, екипите се справуваат на терен. Пожарот на местото викано Бајаз Тепе се уште е активен кај на потегот од селото Будинарци кон селото Разловци, но со намален интензитет, без појава на ветер и полесно може да се следи. На него дејствуваат веќе постоечките екипи од АРСМ, ШС Равна река, ШС Малешево, ТППЕ Берово, ДЗС, РЦУК Берово, месно население, како и помош од Р. Бугарија, Р. Словенија и Р. Австрија. Хеликоптерите се постојано активни и канадерот од Романија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата до 15:00 часот.
Заев на терен, Мицкоски држи параполитички пресови од климатизираниот Медија центар во прескапиот бел дворец.
Приведени три лица осомничени за предизвикување на пожарот над скопско Страхојадица. Како што информираат од Министерството за внатрешни рабти, полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но, биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли.
Навремено откриени девет пожари во Охридско, патроли на пунктови на шумски терени. Заради поефикасна борба, СВР-Охрид ги вклучи и сите други расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем, велат од СВР Охрид.