Бев на одмор 3 дена и се вратив затоа што дефинитивно почувствував дека народот сака да ме види овде, кажа денеска премиерот Зоран Заев.
-Системот функционира како што функционира и во другите држави. Од премиерот се очекува да се биде премиер и да ги координира службите. Не се очекува да биде пожарникар, но народот сака да те види овде во шумата по планината, заедно со сите други да ги охрабриш, затоа што и тоа е важно некогаш граѓаните викаат ние сакаме да ве видиме овде со нас, кажа Заев во вестите на Сител.
Извор: Локално.мк







