ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Жената за која се тврди дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане сè уште не е пронајдена

August 9, 2021 14:15
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција информираше дека сè уште не е пронајдена жената за која се тврдеше дека изгорела во пожар во Старо Нагоричане.

– Се уште не. Немаме одговор дали жената е побегната и каде се наоѓа. Ќе почекаме истрагата да го каже последниот збор. Тоа е засега единствената потенцијална жртва. Ние изразуваме сочувство до сопругот и до семејството на жената доколку е почината. Но, некако одвнатре се надеваме дека е жива и дека успеала да побегне од огнената стихија, рече Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали е жената пронајдена.

Директорот на ЦУК упати апел до граѓаните особено да бидат внималтени при ракување со алат којшто искри.

– Сечењето на железо може да фрли искра што може да предизвика пожар со трагични последици. Жиците за кои апелиравме до ЕВН и МЕПСО, зависи во чија надлежност се, онаму каде што може да се затегнат. Ние не сакаме нив да ги обвиниме за неодоговорност, едноставно жешкото време прави жиците да се продолжат за неколку сантиметри, а ветерот кој што постојано дува придонесува тие да се допрат и да летаат искри кои потоа ја палат сувата трева. Значи превенцијата е најбитнот фактор. Ако некој пожар сме спечиле, ние однапред сме ја завршиле работата.  По настанувањето на пожарот работите се комплицираат, истакна Ангелов.

Тој наведе дека сите граѓани се дел од системот за управување со кризи и се должни кога ќе наидат на мал оган да го изгаснат без при тоа самите себе си да се изложуваат на опасност.

Околу тоа, од каде доаѓа помошта за справување со пожарите Ангелов рече дека неколку дена дејствувале хеликоптерите од Србија, за кои претпоставуваат дека се упатиле кон Атина.

– Деновиве дејствува и романски авион кој има многу голема носивост и што дејствува со таканаречени водни бомби. Се уште проценуваме какви се резултатите од неговото користење, но факт е дека помага и тоа многу. Но, носечкиот товар падна врз армиските хеликоптери. Посебна благодарност до сите припадници на Армијата, особено до пилотите кои го ризикуваат нивниот живот, особено на овие високи температури за да помогнат да се изгнасат пожарите. Противпожарни служби во овој момент имаме од Австрија и од Словенија, а тимот од Бугарија замина поради проблеми кај нив дома. Посебна благодарност до сите овие држави, посочи Ангелов.

Тој информираше дека доколку дојде до ескалација стојат на располагање и НАТО и ЕУ механизми, преку кои може итно да се добие и дополнителна помош.

– Во овој момент оваа помош е доволна за да можеме да се справиме со кризата, бидејќи треба да водиме сметка дека гори насекаде, потенцираше Ангелов./МИА/.

Next Post

Италијанската полиција испитува кој испратил писмо со три куршуми до папата Франциск

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk