По циркусите со маски, упадите на седници на општински совети, турнејата со сликање со пожарите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски пак ја бранува јавноста, овој пат – со невозвратена љубов.
Веќе два дена на Фејсбук, тој го прогонува портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху. Два дена Наум пишува писма и фермани, по неколку постови дневно, но одговор – нема. Салиху, не му возвраќа на опседнатиот Стоилковски. Дури, како што се пожали самиот Стоилковски, портпаролот на Град Скопје го блокирал.
Откако се изнаслика со пожарите а не фрли ни кофа вода, откако правеше разни други циркуси за време на пандемијата, Стоилковски сменил жанр на филмот. Од комедија, се прешалтал во мелодрама за невозвратена љубов. Што се нема да направи човек за малку внимание.
Во оставаме да уживате во љубовните писма на Стоилковски до Салиху, кои во повеќе земји на Запад се сметаат за сајбер булинг, навреди или клевети.
Д. Е.