ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Нема ниту едно починато лице вакцинирано од Ковид-19, Рамковниот договор го издржа тестот на времето, Авганистан излегува од контрола

August 14, 2021 12:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето, иако е далеку од совршен. Тој го отвори патот на земјата кон евроатлантските интеграции, но процесот продолжува, а нашето патешествие како држава ќе се заокружи тогаш кога по полноправното членство во НАТО, ќе ја постигнеме и втората стратешка цел, да почнеме преговори со Европската Унија, беа пораките од конференцијата што се одржа вчера во Скопје по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

Од 3.497 граѓани кај кои е потврден коронавирусот во изминатите седум дена, 450 односно 12,8 отсто биле целосно вакцинирани, а 87,1 проценти или 3.047 граѓани не биле вакцинирани. Во анализата на Министерството за наведениот период  се евидентира дека смртноста е 100 отсто кај невакцинирани, односно ниту еден од сите 25 починати од Ковид-19 не бил вакциниран.

Поднесена е Кривична пријава против дебранец за „предизвикување шумски пожар“.

Премиерот Зоран Заев попладне во Охрид ќе го отвори „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри“, кој е дел до Европската пливачка федерација – ЛЕН.

Пејачката и радиоводителка Марија Каева по подолго време повторно се појавува на музичката сцена со нова песна и видео спот.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш   ги повика талибанците веднаш да ја прекинат офанзивата во Авганистан и предупреди дека „Авганистан излегува од контрола“.

Талибанските бунтовници ја зазедоа главната радио станица во Кандахар денеска и ја преименуваа во Глас на шеријатот. Радио станицата ќе се користи за емитување вести и читање на Коранот. Музика повеќе нема да смее да се пушта.

Скопје ги започна постапките за изведба на две летни отворени сцени во зелениот појас на Градски парк во Скопје, едната спроти Сточарскиот институт во вториот дел во Градскиот парк  и другата во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Авторките на учебникот по српски јазик: По долги години првачињата добиваат учебник на својот мајчин јазик од кој ќе учат почетно пишување и читање.

Србија, по постојаното зголемување на бројот на заразени лица во претходните денови, надмина 1.000 нови инфекции со коронавирусот, а здравствените власти, исто така, соопштија за шест смртни случаи. Официјалните лица предупредуваат дека веќе почна четвртиот бран на Ковид-19.

Поплави какви не се регистрирани во Турција со децении однесоа најмалку 38 животи на северот на земјата.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Три активни пожари кај Сарај, Демир Капија и Дебар

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk