Градоначалникот на Штип, доктор Сашко Николов, како реакција на денешните антиваксерски протести, во објава на Фејсбук прашува дали има крај на ова непочитување на медицинскиот персонал кои секојдневно, без ден годишен одмор и запоставуваќи ги своите семејства се бори со коронавирусот.
„Да се критикуваат луѓето (целиот медицински персонал) кои 16 месеци без прекин 24/7, не користеле ниту ден годишен одмор, си ги запоставиле сопствените семејства, заборавиле како тоа изгледа да имаш слободен ден, ја ставиле на страна безбедноста на сопствениот живот, се со цел да го заштитат нашето здравје и нашите животи…
Па луѓе, има ли крај ова наше лудило и непочитување!!!
Згора на се, ниту маски, ниту дистанца, ниту почитување на било какви мерки, на некакви протести…
Страшно, но во исто време и жалостно…“, реагира доктор Николов.
Ј. Ѓ.