Нови 805 случаи на Ковид-19 од направени 6.980 тестирања се регистрирани во изминатото деноноќие. Починати се 10 лица.
Хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај. Главниот штаб на Центарот за управување со кризи донел одлука да се интервенира од воздух.
Премиерот Зоран Заев: Спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан. Денеска околу тоа дали бегалци од Авганистан ќе бидат сместени во Северна Македонија и дали има некое барање од сојузниците на нашата земја, Зааев истакна дека тие како Влада ја информирале САД дека стојат на располагање да помогнат.
ВО ФРОНТ со Борче Боки Трајковски: Штета… Тие не се појавија на свеченоста по повод 20 годишнината од Охридскиот договор, затоа што ним им пречи тоа што ние и тие сакаме да живееме заедно со максимална почит кон сите свои различности.
ESPRESSO од Џабир Дерала: Неодговорените прашања се како нерешени убиства. Во текот на изминатите две-три години на адресата на ВМРО-ДПМНЕ се испратени стотина, можеби и нешто повеќе прашања. Ниту еден одговор не пристигна назад.
РЕНДГЕН: Авганистан – гробишта на Империите.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти државата. Според официјален претставник од МВР на Авганистан Гани заминал кон Таџикистан. Поранешниот авганистански министер за внатрешни работи Али Ахмад Џалали ја презеде функцијата премиер на преодната влада во државата, јави телевизијата Ал Арабија.
Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт денеска им се заблагодари на Албанија, Канада, Косово и Северна Македонија кои се согласиле да им дадат засолниште на нивните сојузници од Авганистан, особено на жени и деца на лидерите на цивилното општество.
We must focus on saving lives in Afghanistan. As the US works to evacuate those at special risk from the Taliban, I am grateful to Albania, Canada, Kosovo and North Macedonia for offering refuge to Afghan allies, esp women & civil society leaders. I hope & expect others to follow
— Madeleine Albright (@madeleine) August 15, 2021
Победнички трофеи за нашата ракометна репрезентација до 17 година и за нашата кошаркарска репрезентација до 16 години. Одличните резултати на нашите јуниори и јуниорки влеваат голема надеж и сигурно ќе бидат силен поттик за нови успеси во иднина.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи остварил контакт со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу од кого добил уверување дека доколку има потреба ќе помогнат при извлегување на македонските државјани од Авганистан.
Ј. Ѓ.