ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Штета…

August 15, 2021 12:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Тие не се појавија на свеченоста по повод 20 годишнината од Охридскиот договор, затоа што ним им пречи тоа што ние и тие сакаме да живееме заедно со максимална почит кон сите свои различности. Им пречи и тоа како тие успеваат да се изборат за своите права, да се сплотат кога нивните национални интереси се загрозени односно доведени во прашање и да се борат заеднички за остварување на истите, додека, тие, истата борба ја водат со разединување и антагонизам кон неистомислениците од истата националност.

Така ги научила нивната историја. Им пречи и тоа што некои други во Македонија зборуваат различен мајчин јазик од македонскиот, затоа што според нив овде треба да се зборува само на еден јазик, на македонскиот, затоа што оваа преостанато парче од нивната Голема Македонија, е држава само на Македонците, не и на сите останати кои овде со векови се раѓаат, создаваат, вложуваат, живеат, егзистираат. Тие не дојдоа на прославата со која се одбележа почетокот на новата димензија, новата перспектива, новиот хоризонт на соживот, новата делница на заедништво со меѓусебна почит, искрена почит кон различностите.

На вмороните и лажните патриоти им пречи споменикот на Скендер Бег, неговиот плоштад, преименувањето на училиштата во Чаир, им пречи сè што тие наши сожители ги жигосува на посебен, различен начин од сопствените различности. Им пречи сè што тие не можат да направат онака како што овие го прават. Груби бил груб. Шверцер навивач, не заслужувал место онакво какво го има, Бујар е циник, подмукол, расипан, Ахмети е актерот кој ја дели Македонија од внатре, суптилно, полека, чекор по чекор, борејќи се да ги оствари правата на Албанците во Македонија користејќи ги симпатиите на Калето.

А замислете, сите тие со Ахмети на чело се борат за истите оние права кои ги следуваат Ромите, Србите, Турците, Власите, Бошњаците, православните и муслиманите, атеистите и адвентистите, истите права кои ги имаме ние Македонците овде и за кои се бориме каде било во светот. Ним им смета и борбата на Заев за реализирање на правата на сите заедници во државава вклучувајќи ја и албанската, како што им пречи неговата мирољубивост и толерантност кон соседите кога баналности се појавуваат како сериозни политички пречки.

Тие, сè уште веруваат дека во името на „Делете ја, парчете ја, пак ќе биде наша најмила“, дека конгресот на ДПМНЕ ќе се одржува во Солун, дека сите Македонци според нивниот нишан на критериуми ќе владеат со оваа држава искачувајќи се на пиедесталот на најкревката гранка на високото стебло кршејќи ги правата на сите други, а највеќе на своите, затоа што не мислат исто како нив. В-Морон не го разбира ова, и затоа целата своја енергија ја усмерува во борба против секој Македонец кој нема предрасуди за сопствениот идентитет, јазик, историја и култура, а ги почитува и ги признава сите различни од него во заедничката држава. Тоа за нив е предавништво…

Тие не сакаат да ја разберат целта на Охридскиот договор, тие сакаа и сè уште сакаат ова парче од Македонија постојано да биде во внатрешен конфликт, за да можат да го палат огнот на најлажниот патриотизам и преку него и наивноста на затруената маса да ја пљачкаат државата. Да не се случеше овој договор, Ахмети ќе се повлечеше во шумите и ќе бараше засилување за неговите УЧК единици, а само наивните кои и ден денес веруваат во идејата дека вмро следниот конгрес ќе го држи во Солун, дека Албанците се „шиптарско“ племе за во гасни комори, „циганите“ за сапун правење, ќе гинеа на плодните македонски ниви, а пожарите со крв ќе се гаснеа. И со нивната и со нашата. Црвена, солена, иста. Сите во светот ќе ни се смееја…

Лесно се препознаваат идиотите и на социјалниве мрежи. Вчерашниот гест на Венко да реанимира починат човек не е министерски, ниту партиско политички, најмалку сдсмовски. Не се стрча Венко да помогне за прво да ја праша жртвата од која партија е пред да се внесе во реанимација, дали ќе гласа за нив на изборите, како се вика, дали ги бакнал камата и нагантот пред да го јавне коњот кон Мечкин камен. Вчера Венко беше ЧОВЕКОТ. Убеден сум дека кој било лекар, доктор, болничар, медицинско лице на тоа место ќе реагираше на истиот начин како Венко, ќе се стрчаше да помогне…

Ги читав коментарите во една ФБ група и се наежив. На ваквиот потег, без разлика на трагичниот крај, да плукаш со партиско политички памфлети, со шлајмот на загадениот вмороидиотизам, да го навредуваш Венко заради тоа што се обидел да помогне, да го исмеваш, да се ситиш на смртта, да влегуваш во спектаклот на идиотите и креираш сценарија за каобожемски политички трик, за наместена ситуација во која Венко требал да се покаже како светла фигура, демек спасил живот, ама ете, имало ГоспоТ и не им успеала замислата, пациентот починал, не те обележува само како идиот, како нечовек, како ѓубре пред тастатурата, како изрод, туку и како мизерен примерок на човечкиот род, кој ниту во вештачка варијанта може да се произведе…

За жал, ете ги, тука се, меѓу нас се, ги има секаде ваквите изроди, кои за наша жал не биле издркани на времето. Штета…

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Заев: Постојан раст на економската активност во ТИРЗ, во зоните работат 14.240 наши граѓани

Shortcut

Најново

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk