ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Реакции: Специјализантите и младите лекари бараат заштита за медицинскиот персонал од антиваксерите

August 16, 2021 08:49
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Антиваксерски протест, 15 август 2021

Антиваксерски протест, 15 август 2021

Share on FacebookShare on Twitter

После протестот на антиваксерите, каде толпата против докторите погрдно извикуваше „Убијци, убијци…“, Асоцијата на специјализанти и млади лекари го повикуваат Министерството за здравство и лекарската комора да ги заштитат здравствените работници од антиваксерите.

„Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид“, пиушуваат на официјалната страна од Асоцијата на специјализанти и млади лекари.

Тие во реакцијата ја повикуваат Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите медицински лица, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени.

„Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица.“, реагираат од Асоцијацијата.

Бројни се реакциите и осудите на медицинските лица после денешните протести

„Речиси никогаш, како тим, немаме реагирано на коментари и пишувања. Но, ова ги преминува сите граници. Ова не нѐ засега само нас, туку и сите наши колеги. Сите оние кои со изминативе две години спасуваат животи на тешко заболени од коронавирусот. Сите кои секојдневно ги жртвуваат своите животи, ги загрозуваат своите семејства и работат со пациенти заразени од коронавирус. Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот.“, реагира на Фејсбук д-р Марија Михајлова од ПЗУ Семед.

Михајллова, прашува – Ова е „фала“? Извици со „убијци, убијци“?

„Ова е огромно разочарување, кое освен за медицинарите, е и за општеството. Секој има право на различно мислење, секој има право да си искаже како ги перципира состојбите, да се вакцинира или не.. Но не и на вакви карактеризирања. Никој не бил принуден на лекарски третман, туку секој сам се јавува на лекување. А за ние да лекуваме, сме го посветиле цел живот на образување кое трае и до денеска. Никој не бил натеран ниту на вакцинација, бидејќи секој сам си се изразува според негова воља.

Туку каде се лекуваат овие лица за кои докторите се „убијци“? Ги повикуваме сите здруженија и институции на осуда на ваквото омаловажување на професијата и медицинарите.“, наведува во реакцијата д-р Михајлова.

И доктор Сашко Николов, градоначалникот на Штип, во објава на Фејсбук прашува дали има крај на ова лудило и непочитување на медицинскиот персонал кои секојдневно, без ден годишен одмор и запоставуваќи ги своите семејства се бори со коронавирусот.

„Да се критикуваат луѓето (целиот медицински персонал) кои 16 месеци без прекин 24/7, не користеле ниту ден годишен одмор, си ги запоставиле сопствените семејства, заборавиле како тоа изгледа да имаш слободен ден, ја ставиле на страна безбедноста на сопствениот живот, се со цел да го заштитат нашето здравје и нашите животи…

Па луѓе, има ли крај ова наше лудило и непочитување!!!

Згора на се, ниту маски, ниту дистанца, ниту почитување на било какви мерки, на некакви протести…

Страшно, но во исто време и жалостно…“, реагира доктор Николов.

На протестите против кризните мерки, како што можеше да се забележи најголем дел од толпата не се придржуваа кон мерките за претпазливост од Ковид-19. Беа палени маски, се повикуваше на кинење на флаери што предупредуваат на опасноста од коронавирусот и извикувани беа бројни погрдни пароли “Доктори, убијци…“, а беше вулгарно навредуван и министерот Филиче.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk