Претседателот на Националниот демократски институт (НДИ), Дерек Мичел го поздравува потегот на премиерот Заев, Северна Македонија да прими дел авганистански цивили и нагласува дека таквото лидерство и солидарноста на Заев, е она што се бара во време на криза.
.@NDI salutes #NorthMacedonia PM @Zoran_Zaev for his commitment to take in Afghan civilians in need who have dedicated their lives to a peaceful, multiethnic society with equal rights for all. Such leadership and solidarity is what is required during times of crisis
— Derek Mitchell (@AmbDMitchell) August 16, 2021
ВМРО-ДПМНЕ и Левица стојат зад срамните протести, најостро ги осудуваме нападите врз лекарите и медиумите, велат од СДСМ. Правото на протест е уставно загарантирано, но исто такво е и правото на здравје, соопштуваат од владеачката партија.
Градоначалникот на општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски, кој му се спротистави на Христијан Мицкоски, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на општината откако партијата којашто досега го кандидираше, ВМРО-ДПМНЕ излезе со ново име за прв човек на оваа општина.
Владата ќе одлучи за предлогот на МОН, школската година да започне со физичко присуство, искажан на вчерашната седница на Главниот координативен кризен штаб. По разгледувањето на актуелната епидемиолошка состојба во државата, на состанокот на КШ е оценето дека се создадени услови новата школска година да започне со физичко присуство на учениците.
Министерството за здравство информира дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани.
Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите, во текот на изминатото деноноќие, од страна на МВР беа ангажирани 533 полициски службеници, реализирани се 217 мото-патроли и користени се 145 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.
Министерката Радмила Шекеринска денеска е во еднодневна посета на Република Турција каде ќе има средба со министерот за национална одбрана Хулуси Акар на која во име на владите на двете земји ќе потпишат петгодишен Договор за воено-финансиска соработка.
Пронајдено е безживотното тело на момчето кое завчера се удави во реката Вардар кај неготинско Пепелиште.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди денеска дека руски дипломат е прогласен за персона нон грата и е протеран од земјава.
Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Талибанците ја презедоа комплетната власт во Авганистан, Западот допрва ќе гради став и стратегија. Молскавичното талибанско освојување на Авганистан и особено на главниот град Кабул, и уште побрзото, речиси без никаков отпор, преземање на лостовите на власта, е шок за сите западни демократии и влади.
Голем шумски пожар избувна и брзо се прошири во регионот Вар во југоисточна Франција, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен на својата страница на Твитер.
Музичарот Боб Дилан е обвинет во Њујорк, од жена која тврди дека тој сексуално ја нападнал пред речиси 60 години, кога таа имала 12 години.
J. Ѓ.