Се сомневале во вакцината, пошто не била баш најдобро тестирана. Додека тие се сомневаат, починаа близу пет милиона луѓе во светот.
Тоа е како да се срушиле 50.000 авиони со по 100 патници.
И секој ден се рушат уште по 100 нови авиони.
И додека не ни дојде памет на сите и сè додека фејсбук „експертите“ изиграваат врвни виролози и епидимиолози, „ќе се срушат уште многу авиони“.
Со секој срушен авион, нови 100 починати… А тие починати не се паднати од небо… Тие се луѓе како нас… Нечии родители, браќа, сестри, деца, пријатели, соседи… Секој починат носи со себе и други уништени животи.
Не сакаш вакцина??? ОК, немој да примаш. Ама барем седи дома и МОЛЧИ. Или оди некаде на пуст остров каде што нема да претставуваш опасност за оние што ѝ веруваат на науката…
А таму биди без интенет… Пошто со секое твое „мудрување“ сносиш дел од одговорноста што некое срце престанало да чука!
Фејсбук објава од Ацо Лукароски