ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Армијата остави траен и маркантен печат на независноста на нашата татковина

August 18, 2021 12:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Ден на Армијата на Република Северна Македонија, ден кога со особена гордост упатуваме искрена благодарност до припадниците на Армијата за нивната континуирана посветеност, професионалност и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава.

Ова го напиша на официјалниот ФБ профил премиерот Зоран Заев по повод Денот на Армијата.

– Армијата на Република Северна Македонија остави траен и маркантен печат на независноста на нашата татковина, во чии темели се славните традиции на партизанските единици од Народноослободителната војна (НОВ) кои застанаа на страната на прогресивните антифашистички сили и ја ослободија територијата на нашата држава, пожртвувано учествувајќи во остварувањето на вековниот сон на нашите граѓани за сопствена држава, објави Заев.

На денешен ден, во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“, а денес, 78 години подоцна, потсетува тој, нашата Армија на највисоко професионално ниво, заедно со војниците на земјите-членки на НАТО и согласно стандардите на Алијансата, учествува во меѓународни мировни мисии и дава свој придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност.

– На овој ден, ние граѓаните упатуваме благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот огромен придонес за безбедноста и суверенитетот на нашата држава, за нивниот придонес во процесот за приклучување кон најмоќниот воено-безбедносен сојуз – НАТО, за нивното учество во мировните мисии, помошта на граѓаните при елементарни непогоди, пишува премиерот.

Во име на тој огромен придонес на нашата армија, наведува Заев, континуирано го подобруваме статусот на припадниците на АРСМ со постојан раст на буџетот со зголемување на платите, со нова лична и борбена опрема, со законска рамка за поддршка за создавање услови оптимално извршување на нејзините обврски.

– Во име на Владата, во лично име, и во име на сите граѓани на Република Северна Македонија ви благодариме за сите заложби, за сите несебични ангажмани, да помогнете, да ја осигурате и обезбедите перспективната иднина за сегашните и идните генерации. Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Северна Македонија, напиша премиерот Заев.

Next Post
МИА

Политико: Албанија, Северна Македонија и Косово прифаќајќи бегалци од Авганистан, го потврдија сојузништвото со САД

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk