Светот ќе биде сведок за Талибанците. Тие ќе каменуваат жени на плоштадот во Кабул без причина, изјави за Fox News, првата жена пилот на Авганистанските воздушни сили, Нилофар Рахмани. Таа предупреди да не се верува во талибанската пропаганда дека жените ќе имаат права, и вели дека всушност, Талибанците најмногу ќе ги повредат жените.
Во вклучување во вестите на Fox News, Рахмани изјави дека стравува за нејзините најблиски кои сè уште се во Авганистан.
„За жал, моето семејство е уште таму. И откако слушнав што се случува во Авганистан, не можам да спијам, не можам да си го соберам умот. Многу сум исплашена за нивната безбедност. Секако, не се работи само за мене“, додаде Рахмани.
Рахмани, кој има 29 години, стравува дека нејзиното семејство е во опасност затоа што Талибанците веќе ги таргетирале нејзините родители. поради поддршката која ù ја давале во кариерата.
Извор. The Independent