ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се ублажува забраната за движење во шуми, само со однапред добиена дозвола

August 19, 2021 13:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски ФРОНТЛАЈН

Фото: Огнен Бошњаковски ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, од денеска ЈП „Македонски шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шуми – само со однапред добиена дозвола, изјави на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Правните и физички лица кои имаат потреба да се движат во природа, од денеска со однапред добиена дозвола ќе може да го направат тоа.

– Ова се однесува и на планинарите и на параглајдеристите, кои што ги користат планините за своите активности, посочи Ангелов.

Во моментот активни се четири пожари – над селата Раовиќ и Буковиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река, кон Јасен, во струмичко Василево и прилепското село Топлице,

 

– Во овој момент активен е пожарот над селата Раовиќ и Буковиќ, во Општина Сарај. Овој пожар трае 15-тина дена. Утрово, на ова место дејствуваат два армиски хеликоптери, кои што се обидуваат да го изгаснат, но поради спецификата на самиот терен и вегетацијата, која гори, односно корењата кои што се малку под земја и над нив има тресет, многу тешко оди гаснењето на овој пожар. Тој не претставува опасност за населените места и штета не е многу голема, бидејќи станува збор за нискостеблести растенија, изјави Ангелов.

Активен е и пожарот над селото Патишка река, кон Јасен, но тој се држи под контрола, а реактивиран е и пожарот во прилепското село Топлице, кој, исто така, брзо ќе биде ставен под контрола.

– Имаме активен пожар во струмичко Василево, кој што е на тромеѓето на општините Берово, Радовиш и Струмица. Во беровско е над селото Нивичани. Овде, пред се, горат остатоци од исечени дрвја, но верувам дека овој пожар ќе биде совладан во текот на денешниот ден, појасни Ангелов.

Во посета на ЦУК, информираше Анеглов, денеска бил американскиот генерал Најт од Националната гарда на Вермонт, со кого било договорено продолжување на досегашната соработка и посета на нивни инструктори, кои би помогнале во комплетната реформа на Системот за управување со кризи и противпожарната заштита./МИА/.

Next Post

Стојановски: Дали Југославија била ,,фашистичка" кога масовно вакцинирала 18 милиони граѓани против „вариола вера“?

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk