ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Влада со радикални политички ставови не му треба на никој, креирајте CommonPass сертификат, „Тесла Бот“ нов хуманоиден робот

August 20, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

На локалните избори граѓаните ќе одлучат што е тоа што е најдобро за нив“, нагласи премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Сител, и додаде дека Влада со радикални политички ставови не му треба на никој, а најмалку на граѓаните кои веднаш ќе се соочат со последиците на лажниот патриотизам.

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Според ДЗС, во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со второто тримесечје од 2020 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 23 отсто, во железничкиот превоз е зголемено за 20,9, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 128,2 процента.

Подготвени сме наставата да ја започнеме со физичко присуство за сите ученици. Исклучоци се учениците со хронични болести, учениците кои имаат хронични болни во семејството, како и од немедицински причини за кои ќе одлучуваат училиштата. За овие ученици ќе има можност наставата да се следи онлајн во текот на целата учебна година, рече Душан Томшиќ, советник во МОН.

Создавањето на дигитални алатки, на дигитални учебници значи светлосни години скок во образовниот процес, истакна министерката Царовска..

Креирајте CommonPass дигитален сертификат за патување, на многу едноставен начин и во неколку чекори.

Министерството за надворешни работи утре, од 11 до 17 часот, организира Отворен ден. Граѓаните ќе можат да дојдат во просториите на министерството и да ги претстават своите забелешки, предлози и идеи пред ресорниот министер Бујар Османи и останатите вработени.

Конкурсот за реонски попишувачи отворен до 25 август. Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25 август.

Илон Маск работи на нов хуманоиден робот. „Тесла Бот“ ќе биде претставен следната година од компанијата на Илон Маск, „Тесла“. Уредот ќе биде висок 172 сантиметри и тежок околу 56 килограми, ќе биде опремен со вештачка интелигенција.

Во Куршумли ан во понеделник во рамките на фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“ – Скопје, премиера ќе има долгометражниот документарен филм „Сава“. Филмот „Сава“ е посветен во сеќавање на Мира Фурлан, а е во копродукција меѓу Сава Филмс (Англија) и Ортак Филмс (МКД).

Талибанците воведоа полициски час во Кабул, при што никој не смее да го напушти домот од 21 часот до зора, освен во итни случаи.

Премиерката Ардерн го продолжи „строгото затворање“ на Нов Зеланд до вторник.

J. Ѓ.

 

Next Post

Од денеска нови рестриктивни анти-ковид мерки во Бугарија

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk