ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ВИДЕО) Македонска премиера на филмот „Сава“ на МакеДокс

August 20, 2021 10:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 23 август (понеделник), во 23 часот во Куршумли ан во рамките на фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“ – Скопје, премиера ќе има долгометражниот документарен филм „Сава“. Филмот „Сава“ е посветен во сеќавање на Мира Фурлан, а е во копродукција меѓу Сава Филмс (Англија) и Ортак Филмс (МКД).

Сава е документарен патувачки филм по течението на реката од 990 километри низ земјите на поранешна Југославија. Во траење од 74 минути, сниман е на локации низ Словенија, Хрватска, Босна и Србија. Филмот ги истражува комплексните односи помеѓу луѓето, кои живеат по должината на реката Сава и нивните видувања за природата, идентитетот и националното припаѓање.

Режисер и продуцент на филмот е Метју Сомервил од Велика Британија, монтажата е на Горјан Атанасов од Северна Македонија, сниматели се Ден Мекрам и Метју Сомервил. Во овој филм реката има глас и во улога на наратор е ѕвездата на југословенскиот филм и светски позната актерка Мира Фурлан. Музиката е на Робин Шлохтермајер.

Ова е прв долгометражен документарен филм на режисерот Сомервил, која има завршено документарна фотографија на Универзитетот Фалмаут во Лондон.

Филмот неодамна имаше светска премиера на фестивалот „Докуфест“ во Призрен, Косово, а беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал. Инспирацијата за оваа приказна режисерот ја наоѓа во самите луѓе, кои живеат покрај течението на најдолгата река во некогашна Југославија, која, и покрај тоа што границите се поместени, се уште ги поврзува луѓето. Сомервил го соединува неговото неколкугодишно истражување за историјата, политичкиот и социјалниот живот на овие народи во самиот филм, сакајќи да ни покаже како природата е поголема од која било нација.

„Реките ги поврзуваат луѓето, повеќе од кое било знаме, култура или етничко припаѓање. Сакам луѓето да се слушнат едни со други. Сакам луѓето да забават. Да се прифатиме едни со други и да комуницираме заедно, околу природата, која не опкружува“, вели Сомервил.

Задолжен за монтажата на филмот и во улога на копродуцент е македонецот Горјан Атанасов, кој својата наобразба ја доусовршува на постдипломски студии по пост-продукција на Универзитетот МетФилм Скул во Лондон, каде и се запознава со режисерот Сомервил.

Во потрага по зрел женски наратор, како гласот на реката, стапуваат во контакт со една од најголемите ѕвезди од југословенскиот филм, со светска кариера во Холивуд, Мира Фурлан, која со воодушевување ја прифаќа поканата. Во нивните преписки таа вели:

„Драг Метју, многу ми е драго и се чувствувам почестена што помисливте на мене за овој прекрасен проект. Целиот мој живот го посветив против поделбата и инклузивноста. Можам да го потпишам моето име под твојата реченица, каде зборуваш за природата и човечката поврзаност, кои се над сите опасни илузии за национализмот. Како една од граѓаните, кои ја загубија својата земја во онаа бесмислена војна во која се бореа новите елити за финансиска корист, ви благодарам за овој проект. Со еден збор: Да. Би соработувала со вас на овој проект“.

Фурлан пристигнува во Лондон, каде ја снимаат првата сесија за нахсинхронизација. За време на пандемијата успеваат да реализираат уште една сесија преку Зум платформата, додека таа е во нејзиниот дом во Лос Анѓелес, а Горјан и Метју во Лондон.

„Веќе во септември не успеавме да дојдеме во контакт со неа повторно и нејзиниот сопруг не контактираше да ни пренесе дека Мира е болна. Требаше да ја снимиме со неа последната нахсинхронизација, но не успеавме. Следните 3 месеци беа мачни за чекање. За жал, Мира почина. Филмот е посветен во сеќавање на Фурлан и на нашата фантастична соработка со оваа голема уметница“, вели режисерот Сомервил.

Во март оваа година филмот беше финиширан во Скопје, а пост -продукцијата во Лондон во април.

 

Next Post

Томшиќ: Училиштата се подготвуваат за започнување на наставата со физичко присуство за сите ученици

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk