Во наставата во четврто одделение, новина е што предност ќе се даде на дигиталните учебници, кои ќе бидат само една алатка повеќе за успешно совладување на материјалот. За таа цел, МОН обезбеди таблети кои се наменети за учениците од социјално ранливи семејства. На овој начин, овозможуваме еднаков пристап на сите ученици до користење на современи средства за учење, односно даваме можност мултимедија при учењето да користат и учениците кои поради финансиски потешкотии тоа не можеа да си го дозволат порано.
После две недели континуиран раст на заразени од ковид, кривата се исправа, а значително е зголемен интересот за вакцинација кај граѓаните. Невакцинирани од новозаразените со Ковид се 85 отсто и 91 процент од хоспитализираните.Вчера се регистрирани 1.074 нови случаи со Ковид-19 од 7.571 тестирање, 24 пациенти починале. Регистрирани се и 291 оздравен. Ковид центарот во Тетово евидентира најлоши 24 часа во текот на пандемијата со најмногу – девет починати и 18 хоспитализирани, а поради сериозни компликации од повеќе хронични болести пациенти со коронавирус биле однесени и во Скопје.
Угостителите бараат промени на новите мерки за заштита од Ковид-19, откако уште во првите денови од нивната примена забалежаа пад на прометот од најмалку 30 проценти во однос на изминатите недели. Се откажуваат и веќе закажаните свадби и настани зашто со бројот на вакцинирани гости, не може да се организираат. Превенцијата во насока на заштита на јавното здравје, како што оценија вчера од угостителско-туристичкиот сектор, е приоритет, но истовремено треба да се има предвид потребата од мерки со кои ќе се овозможи поддршка и опстојување на компаниите.