ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Антиваксерката Слаѓана Велков, лекарката којашто рече дека нема Ковид, „заработила“ кривична во Србија за ширење страв и паника

August 24, 2021 14:53
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

На третиот антиваксерски протест одржан во Скопје на присутните им се обрати антиваксерка која се претстави дека е лекар и рече: Вирус не постои! Нема Ковид! Фокус објави дека станува збор за веќе „познатата“ антиваксерка Слаѓана Велков. Контроверзната лекарка е позната и во Србија, кога пред три години се најде во медиумите, откако група од 270 родители на чело со двајца лекари поднесоа кривична пријава против неа поради предизвикување на паника и неред, во Првиот основен суд во Белград, но и против уште околу 40 други лица кои биле против вакцинација на деца, во време на епидемијата на морбили.


Велков на социјалните мрежи има стотина илјади следбеници и со години води кампања против вакцинацијата.

Верува со самоизлекување преку исхрана, веганство, и објавува непоткрепени контроверзни ставови кои во повеќе наврати од сервисите за проверка на факти биле препознаени како дезинформации.

 

-По професија сум доктор по медицина, студирав во Ниш и Скопје, каде и дипломирав на Унивезитетот Свети Кирил и Методиј, диплома број 8280. Дипломата официјално ми е призната во Македонија, Србија, Кувајт и Саудиска Арабија. Во Србија имам нострификација на дипломата и потврда за положен државен испит под број 152-02-250/2001-02, што тогаш беше и лиценца за работа. Моментално не работам во Србија и не ја обновувам лиценцата – наведено е во отвореното писмо на Велков, објавено во 2018 година во српскиот медиум Блиц.рс.

Во една постара вест која датира од 2015 година, објавена на Сител, се се вели дека македонска надрилекарка е под истрага затоа што нудела белило како лек за деца.

„Според српски Блиц во Јавното обвинителство и во полицијата се пријавиле десет лица кои ја обвииваат Слаѓана Велков за шарлатанство и лажно претставување.

Обвинителството за високо – технолошки криминал започнало со постапка против самопрогласенатата лекарка и ќе им наложат бна вештаци и експерти да го испитаат лекот кој истражителите го прибавиле, а кој се нуди како лек. Тие ќе го проверати, а исто така ќе ја испитаат и наводна диплома, која што таа ја поседува во од Македонија.

– Обвинителството и полицијата биле во контакт со луѓе кои имаат здравствени проблеми по преземањето хемикалијата MMS, која Слаѓана Велков ја претставува како лек за разни болести, вклучувајќи аутизам кај децата. Според првичните наоди, хемикалијата при реакција има истите својства како белило, кое е многу штетно за здравјето на луѓето – вели изворот за „Блиц” запознаен со податоците од истрагата“, се вели во текстот објавен на Сител во 2015 година.

Next Post

Обвинение за полов напад врз дете во Градско

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk