ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција оваа недела ќе ја прекине евакуацијата од Авганистан доколку САД се повлечат на 31 август

August 24, 2021 16:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција оваа недела ќе ја прекине евакуацијата од Авганистан, кој е под контрола на талибанците, доколку САД се придржуваат кон планот за повлекување на своите војници до крајот на август, изјави претставник на Министерството за надворешни работи во Париз.

– Ако САД извршат целосно повлекување на 31 август, како што беше планирано, за нас тоа значи дека нашата операција завршува во четврток вечерта. Значи имаме уште три дена, изјави Никола Рош, шеф на кабинетот на министерот за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан.

Франција евакуираше речиси 2.000 француски државјани и Авганистанци во изминатите денови преку воена база во Абу Даби, откако претседателот Емануел Макрон истакна дека земјата ги отвора вратите за луѓето загрозени од талибанците.

Министерството за надворешни работи идентификуваше уште 62 француски државјана на кои им е потребна евакуација, а властите ги разгледуваат барањата на голем број Авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата.

Американскиот претседател Џо Бајден го определи 31 август како краен рок за завршување на хаотичниот воздушен транспорт, организиран од илјадници времено распоредени војници, но наведе дека може да биде продолжен доколку е потребно.

Портпарол на талибанците предупреди вчера дека нивното движење нема да се согласи со никакво пролонгирање, нарекувајќи го предвидениот рок „црвена линија“ и велејќи дека секое одложување ќе се смета за „продолжување на окупацијата“.

Неколку западни земји предупредија дека нема да биде можно во овој краток период да се евакуираат сите оние кои сакаат да заминат од Авганистан.

Next Post

Владата на Јанша со најмала поддршка во анкетите од почетокот на манадатот

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk