ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лекарска комора: Да се пријавуваат случаите кога доктори шират псевдонаука и лаги, за да може да се постапува формално-правно

August 25, 2021 09:48
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПРАВДА

Четвртиот бран на Ковид-19 зема сериозен замав, расте притисокот врз здравствениот систем за обезбедување на потребен третман на зголемениот број на новозаболени. Во такви услови Лекарската комора на РСМ се обраќа до пациентите, здравствените професионалци, стручните здруженија и надлежните институции да преземат итни чекори за да се намалат штетните последици по здравјето на луѓето.

Во однос на вакцинацијата потенцираме дека таа е најефикасното решение за заштита од вирусот, која значително ги намалува шансите за да настане инфекција како и компликации од болеста. Научните докази ги потврдуваат овие сознанија, затоа не треба да постои дилема, туку секој кој нема апсолутни контраиндикации верификувани од стручно лице поврзани со вакцината треба да се имунизира што поскоро, бидејќи така ќе се заштити себеси и своите блиски. Секако ја потенцираме и неопходноста од почитување на мерките за заштита, како носење заштитна маска, обезбедување на социјална дистанца и избегнување на собири во затворен простор каде постои близок контакт.

Лекарската комора во услови на непостоење на национални протоколи, ги повикува надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија во чија надлежност е спроведувањето на континуираната медицинска едукација, а чија специјалност е од областите тесно поврзани со третман на заразните заболувања и спречување на нивното ширење, да споделат со јавноста стручни ставови за сите отворени прашања и дилеми, како би можело граѓаните заклучоци и ставови да градат на точни факти, а не на дезинформации.

Непостоењето на вакви ставови создава простор за слободни толкувања од нерелевантни извори кои нанесуваат огромна штета на процесот на вакцинација, а со тоа и на напорите да се стави под контрола епидемијата.

Секој здравствен работник има значајна улога во создавањето на јавното мислење и преку јавното споделување на лични ставови и мислења влијае на градењето на ставовите и мислењата на другите луѓе. Здравствените работници треба да споделуваат ставови кои се базираат на научно докажани факти и да се воздржуваат од промоција и споделување на шпекулации и непроверени сознанија.

Секогаш, а особено во услови на пандемија е важно здравствените професионалци во своите активности да се водат од Етичкиот кодекс, Законот за здравствена заштита и медицината базирана на докази, дистанцирајќи се било какво политичко или некој вид на друго влијание.

Во однос на личните ставови кои ги споделуваат доктори, а кои се насочени кон ширење на псевдонаука и невистини за ефектите од вакцинацијата, ефектот од почитување на мерките за заштита и опасноста од вирусот, Лекарската комора, согласно своите надлежности, може да постапува по добиена пријава и да ги утврдува фактите во секој конкретен случај во комуникација со сите засегнати страни, надлежните институции и комисии и стручните здруженија.

Лекарската комора охрабрува ваквите случаи да се пријавуваат, со цел да може формално правно да постапува по нив.

Next Post
фото: МИА

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk