Член на Левица со закани кон новинарот Сарачини: Уште малку, уште трошка, дали ти е јасно дека нема да има кај да се пикнеш. Иван Јовановски, член на партијата Левица, му се заканува на новинарот, активист и член на ЦИВИЛ, Петрит Сарачини дека уште малку му остана, нема кај да се скрие, пишува Цивил Медиа…..„Петрите црнa дупко, кај ќе се пикаш бе глушец, уште малку, уште трошка, дали ти е јасно дека нема да има кај да се пикнеш. Него ако, истури се, олесни се, нека, уште малце“, гласи заканата на Јовановски.
Е*и се, совршена жено!…Невозможно е да се зборува за еднострана приказна без да се зборува за моќ. Зборот „нкали“ (Nkali), од јазикот Игбо е именка што во слободен превод значи „да се биде поголем од другиот“. Кога имате моќ, не само што можете на другите да им раскажете приказна за еден човек, туку приказната да ја претставите и како единствената приказна за тој човек….Прочитајте ја најновата, уникатна колумна на Билјана Арсовска….задолжително четиво!!!


Филипче: Вакцините се тие со кои ќе ја победиме пандемијата, не прележувањето на вирусот. Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунитет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани. Тоа ќе значи нов притисок врз здравствениот систем, бидејќи во моментов 90 отсто од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани“ стои во објавата на министерот на социјалната мрежа Фејсбук.
Хасани: Тетово го достигна пикот, не треба да се претерува со дополнителни мерки..
Тој ја оценува состојбата како влошена, а неговото присуство и ангажман во Тетово е во насока на уште поголемо зголемување на вакцинираните луѓе.
Бочварски: Заврши постапката за увид и забелешки во новиот закон за дивоградби. Ние, во текот на наредните денови во Министерството за транспорт и врски ќе ги разгледаме сите забелешки темелно и веднаш потоа ќе го доставиме законот до Влада, каде што ќе се дискутира дополнително, а веднаш потоа од Влада ќе биде доставен и до Собранието“ изјави Бочварски…
Засега е побарано згрижување за 750 авганистански цивили, безбедносната проверка ја врши АНБ. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски прашан за тоа дали МВР гарантира безбедност, вели врвен приоритет е зачувување на безбедноста и стабилноста на нашите граѓани на државата, но и дека цивилите кои треба да пристигнат не се радикали или лица кои можат да предизвикуваат какви било проблеми од овој аспект.
Досега издадени над 13.000 нови лични карти… За издавањето на регистерски таблички со новата ознака НМК, министерот за внатрешни работи кажа дека тие веќе се издаваат согласно уставните амандмани и уставниот закон.